Бурма (накит)

(Пренасочено од Венчален прстен)

Бурма или венчален прстен — еден вид прстен што укажува на тоа дека оној што го носи е во брак.[1] Обично се прави од метал, а традиционално се прави од злато или друг скапоцен метал.[2]

Најраните примери на бурми ни доаѓаат од Древниот Египет. Западниот обичај за употреба на бурма ги има во Стариот Рим и Грција, а до денес опстојува поради употребата при склучување на христијански бракови во Европа, кои се прилагодени на древните обичаи.

Во зависност од културата, бурмата односно венчалниот прстен обично се носи на левата или десната рака, на безимениот прст (или домалиот прст). Многу брачни другари бурмата ја носат постојано, а еден показател за важноста на овој вид прстен е фактот дека бурмата е меѓу неколкуте предмети што се дозволени да ги имаат затворениците и нивните посетители.[3][4]

Наводи

уреди
  1. „Wedding Ring“. Harper Collins & Son. 2016. Посетено на 8 Sep 2016. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help)
  2. „Guide to Wedding Ring Styles, Designs & Prices“. Polished Diamonds Ltd.[мртва врска]
  3. „Marriage - Marrying a Prisoner“. Michigan Department of Corrections.
  4. „Visitor Dress Code“. Massachusetts Department of Corrections.