Лица без маски
Лица без маски - меѓународен театарски фестивал што се одржуав во Скопје.
Организација и управување
уредиТетарот го организираат „Сплунг автори - Театар 007“ од Скопје и Културниот центар „Александар Македонски“ од Скопје. Во 2018 година, директор на фестивалот бил Миодраг Костиќ.[1]
Изданија
уреди11. издание
уредиЕдинаесеттото издание на „Лица без маски“ се одржало од 12 до 16 април 2018 година на неколку сцени во Скопје: МОБ, ДТЦ Стара Чаршија, Дом на АРМ, МНТ, итн.. Селектор на претставите бил Игор Ивковиќ, а жири-комисијата била во состав: Дарја Ризова, Нина Николиќ и Драгана Лукан Николовски. Поддржувачи на фестивалот биле: Градот Скопје, Амбасадата на Шпанија во Скопје, хотелот „ВИП“ и ЈСП Скопје. На фестивалот биле прикажани следниве претстави:[1]
- „Јами дистрикт“
- „Арктик“
- „Три прави, три опачини“
- „55 нијанси геј“
- „Дримвил“
- „Ужегнатост“
- „Ла ла ла!“