Лисип
Лисип (грчки јазик|Λύσιππος) е вајар од доцен класичен период од (4 век пред новата ере) во уметностите на Стара Грција. Го аследил славниот Поликлет.
Лисип бил личен вајар на Александар Велики. Една лисипова скулптура на Александар денес стои во Лувр во Франција. Лисип се смета за голем вајар, кој заедено со Скопас и Праксител го наговестил доаѓањето на елинистичката ера.
Животопис
уредиЛисип е роден во Сикион во втората половина на 4 век околу 390 година п.н.е. Станал службен вајар на владејачката македонска династија во Грција и ги следел освојувањата на Александар Велики. Делувал на најголемото подрачје на кое некогаш делувал еден антички вајар– од Пелопонез, Македонија до Акарнанија. Окружен со бројни синови и ученици секаде го наметнал својот израз. Ги водел училиштата Аргос и Сикијон. Според Плиниј Постариот, автор е на преку 1500 дела, сите во бронза.
Бил последниот голем вајар во грчката уметност. Веднаш по неговата смрт неговите следбеници отвораат училиште на Родос каде тежнеат да го надминат својот учите, ако не со вештина, тогаш со големина. Харет од Линда створа бронзена скулптура Колос на влезот во пристаништето, висока 32 м – едно од 7-те светски чуда.
Дела:
уреди- Купидон затгнува лак - постојат многу копии, најдобрата е во Британскиот музеј.
- Агиас - познат од мермерната копија од Делфи.
- Уморен Херакле - се наоѓа во бањите на Каракала. Сочувана е мермерна копија.
- Апроксимен - исто така познат само од римска мермерна копија
Галерија на одбрани дела
уреди-
Александар Велики, 68 см висока римска копија, Лувр, Париз. -
Момче одврзува сандала на (Хермес), римска мраморна копија висока 1.61 м, Лувр, Париз. -
Силен го успива Диониз, Ватикански музеј, Рим. -
Хермес од Аталанта, Археолошки музеј, Атена. -
Фарнешки Херкул, римска мраморна копија од палатата Фарнесе, Рим. -
Детал Апоксиомена со испружени раце. -
Атлета Агхијас, римска мраморна копија, археолошки музеј во Делфи.
Надворешни врски
уреди- Lysippos biography - an Essay Архивирано на 19 август 2017 г.
- Online Gallery of Lysippos works