Лисина (планина)
Лисина е планина од вулканско потекло, која се наоѓа на подрачјето на општината Мркоњиќ Град и Општината Шипово. Нејзин највисок врв, Бандира, се наоѓа на височина од 1.467 метри.
Лисина | |
---|---|
Падини на планината | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.467 м |
Географија | |
Место | Босна и Херцеговина |
Благодарејќи на геолошката градба, се одликува со голема биоразновидност на растителни и животински видови. Во досегашните истражувања откриени се и опишани преку 1.000 растителни видови, околу 1.500 видови на печурки,[1] пет вида на риби, по десетина вида на водоземци и влекачи, 29 вида на цицачи и 107 птичји видови. Пронајдени се и околу 360 извори на питка вода кои претставуваат значајни водени ресурси во локални рамки.[2]
На нејзиниот врв се наоѓа планинарскиот дом, а на падините на планината неколку села од мркоњиќката општина. Во подножјето на Лисина, во близина на селото Подрашница, се наоѓа излетиштето Зеленковац.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Лисина драгуљ природе“. Посетено на 13 октомври 2010.
- ↑ 2,0 2,1 „Туристички водич Мркоњић Града“, Удружење за развој и унапређење туризма општине Мркоњић Град, 2010.