Лингва франка нова

Лингва франка нова („Елефен“) — јазик којшто е осмислен да биде едноставен, доследен и лесен за учење заради употреба во меѓународното општење. Јазикот има повеќе предности:

  1. Има ограничен број на фонеми. Звучи слично на италијански и шпански.
  2. Фонетски се срича. Ниедно дете нема да треба да помине години за да ги изучи отстапувањата од правилата.
  3. Граматиката во целост се заснова на правила, што е слично со креолските јазици.
  4. Има ограничен број на афикси коишто служат за изведување зборови според одредени правила.
  5. Има добро дефинирани правила за редоследот на зборовите, што е својство на многу од големите јазици.
  6. Неговиот речник во голема мера се заснова на современите романски јазици. Овие јазици се широкораспространети и влијателни, а исто така имаат голем придонес кон англискиот речник.
  7. Осмислен е природно да ги прифаќа латинските и грчки технички неологизми, што всушност е „светски стандард“.
  8. Осмислен е за да изгледа релативно „природно“ за оние коишто се запознаени со романските јазици без да им биде потежок за учење на останатите.
Лингва франка нова
lingua franca nova
Создаден одКорнелис Џорџ Боери
Датум1965[1]
Прилики и употребаInfobox language
Причина
Меѓународен јазик
  • лингва франка нова
Писмолатиница
Статус
Регулативен органAsosia per Lingua Franca Nova (ALFN)[2]
Јазични кодови
ISO 639-3lfn
Linguistlfn

Наводи

уреди
  1. Boeree, C. George. „La evolui de elefen“. Vici de Elefen (лингва франка нова). Посетено на 2020-11-09.
  2. „Asosia per Lingua Franca Nova“. Vici de Elefen (лингва франка нова).