Лимес (латински: limes), бразда, граница или најчесто име за утврдена граница на Римската Империја .

Реконструкција на дел од лимес

Појава

уреди

За да ја спаси империјата од нападите на граничните народи, Октавијан Август (63 п.н.е. до 14 г. п.н.е.), се обидува да ги премести границите кон погодни линии, пред се, водени бариери. Затоа ги окупира сите земји на десниот брег на Дунав и ја поместува границата во Германија од Рајна до Елба . На почетокот на новата ера, Римјаните трајно се повлекоа на границите и создавале систем на постојани логори, од кои со текот на времето се развивале лимесите.