Кануан

(Пренасочено од Лилот)


Кануан (англиски: Canouan) е остров во Карипското Море. Островот е дел од островската група Гренадини, во островската држава Свети Винцент и Гренадини. На југот од островот има две мали островчиња Лилот и Кануан Бален.

Кануан
Canouan
Местоположба на Кануан
Местоположба на Кануан
Географија
МестоКарипско Море
Координати12°43′N 61°20′W / 12.717° СГШ; 61.333° ЗГД / 12.717; -61.333
Површина2,93 sq ми
Држава
Демографија
Население1700
Дополнителни податоци
Кануан во Свети Винцент и Гренадини
МСЗП —живеалиште/подрачје под управа со видови)
Површина1.250,7 km2 (482,9 sq mi)
Мрежна страницаCanouan in Saint Vincent and the Grenadines

Географија

уреди

Островот е мал, со должина од 5,6 км и ширина од 2 км. Вкупната површина на островот е 7,6 км2. Вкупното население на островот се движи некаде околу 1700 жители.[1].

Покрај атлантскиот брег на островот има корален гребен. Највисока точка на островот е Маунт Ројал. Островот има два големи залива, Френдшип и Глоси. Островот се наоѓа на 40 километри јужно од Свети Винцент.

Клима

уреди

Просечната дневна температура на островот е 24 to 30 °C (75 to 86 °F). Најсушни месеци се од декември до мај, а најладни се од ноември до февруари.[2]

Сообраќај

уреди
 
Авион во Кануан..

Островот има аеродром, Аеродром Кануан, кој врши летови до околните острови. Пистата во скоро време е проширена и може да се користи и за големи авиони.

Покрај воздушниот, жителите го користат и морскиот собраќај. Има редовни линии до околните острови, особено до Свети Винцент. Скоро е модернизиран овој транспорт и за еден час се стигнува до Свети Винцент, за разлика од минатото кога се патувало околу 2 или 3 часа.

Наводи

уреди
  1. „St Vincent and the Grenadines, Population and Housing Census Preliminary Report 2012“. The Census Office, SVG Government. Посетено на 31 December 2015.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-02-19. Посетено на 2020-03-26.

Литература

уреди
  • Gonsalves, Ralph E. History and the Future: A Caribbean Perspective. Quik-Print, Kingstown, St. Vincent, January 1994.
  • Berkmoes, Ryan, Ver and Raub, Kevin (2011). Caribbean Islands, 6th Edition. Lonely Planet. ISBN 978-1-74179-454-0.

Надворешни врски

уреди