Лик и други раскази
Лик и други раскази (англиски: The Image and Other Stories) е збирка раскази на американскиот писател Исак Башевис Сингер, објавена во 1985 година од издавачката куќа „Farrar Straus Giroux“ од Њујорк. Повеќето од расказите содржани во збирката претходно биле објавени во „Њујоркер“ (New Yorker)
Содржина
уредиВо воведот на книгата, авторот ги објаснува своите погледи на книжевноста, краткиот расказ и пишувањето на јидиш. Така, во поглед на задачата и смислата на книжевноста, тој истакнува дека „книжевноста мора да се занимава со минатото, а не со планирање на иднината. Мора да ги опишува настаните, а не да ги анализира поимите; нејзиниот предмет е поединецот, а не масата. Таа мора да биде уметност и не смее да тежнее кон тоа да биде наука..“ Истовремено, во однос на краткиот расказ, Сингер вели дека „тој е сè уште најсилниот предизвик на прозниот писател и се претвора во неговото најголемо достигнување доколку тој успее истовремено да биде имагинативен и краток.“[1]
Збирката ги содржи следниве раскази:[2]
- Совет
- Еден ден среќа
- Врска
- Интервју
- Развод
- Љубовта е лесна како смртта
- Зошто е роден Хајшерик
- Непријател
- Остатоци
- На патот за прифатилиштето за сиромашни
- Лошикл
- Џебот се сеќава
- Тајна
- Заштеда за рајот
- Конференција
- Чуда
- Тужители
- Телефонски повик на Јом кипур
- Странци
- Грешка
- Збркан
- Лик