Лизгалки
Лизгалки[1][2] — обувки поставени на сечила што се користат за движење по мраз.
Потекло
уредиЛизгањето настанало околу 5 000 г. пр. н.е. во Финска. Заради големиот број езера на подрачјето, луѓето наоѓаат начин да ги преминуваат замрзнатите езера наместо да ги обиколуваат.[3]
Постојат лизгалки чие сечило е изработено од пластика во Северна Европа и Русија. Најстариот пар пронајдени лизгалки потекнува од езеро во Швајцарија и се смета дека биле изработени околу 3 000 г. пр. н.е. Овие лизгалки се направени од коски од говеда или коњи, со дупка на секој крај, што се користи за нивно прицврстување на обувките со кожни ремени.[3]
Лизгалките од Сен Дени е потврдено дека потекнуваат од каролиншкото раздобје (751 г.). Откриени при археолошките ископувања, тие се составени од:
- сечило направено од палечна коска на говедо или коњ;
- од кожен чевел поставен на сечилото и понекогаш прицврстен со ремен.
Во четиринаесеттиот век, Холанѓаните почнале да додаваат парче остар челик на нивните лизгалки. На овој начин, тие можат да го сечат мразот и да ја искористат силата на своите нозе наместо да се туркаат со помош на стапови за да се движат напред. Страничното туркање станува норма за лизгањето, тоа е почеток на модерната ера на лизгалки.[3]
До средината на XIX век, металниот дел од лизгалката бил прикачен на парче дрво, а тој пак со помош на кожни ремени прикачен на обувката. Во 1850 година, во Филаделфија Е. В. Бушнел ја измислил целосно металната лизгалка.[4]
Видови лизгалки
уредиУметничко лизгање
уредиЏексон Хејнс, американски лизгач, е основач на уметничкото лизгање. Во 1870-тите тој ги додал запците на предниот крај на сечилото, со што можело да изведуваат скокови.[3]
Во 1914 година, Џон Штраус, производител на сечила од Сент Пол, го измислил првото сечило изработено од еден блок, што ги направило лизгалките посилни и полесни.[3]
Уметничко лизгање, кое најчесто се користи за рекреативно лизгање, се одликува со запци на врвот на предниот крај на сечилото. Сечилото е дебело приближно 4 милиметри. Тоа е малку издлабено во средината, со наострени страни. Сечилото е со приближно иста должина како и обувката на која е прикачено, а обувката е традиционално бела за жените и црна за мажите. Лизгалката е зајакната под лакот на стапалото и петицата.[4] Чизмичката е до висина на глуждот и најчесто е изработена од кожа, а се стреми да биде што е можно полесна.[5]
Некои лизгалки за танц на мраз, дисциплина без скокови што бара поголема флексибилност, се исечени пониско за да дадат поголема подвижност на глуждот.[5]
Брзо лизгање
уредиНа долги патеки
уредиЛизгалката за брзо лизгање има многу низок крој што му овозможува на глуждот речиси целосна подвижност. Нејзиното сечило е многу подолго од обувката,[4] за мажи неговата должина изнесува околу 45 сантиметри.[6] Дебелината е само еден милиметар.[7]
Клап-лизгалката настанала во 1981 година како теза на холандскиот докторанд Герит Јан ван Инген Шенау.[7] Во 1984 година, клап-лизгалката се појавила на натпреварите во брзо лизгање.[8]
Во текот на сезоната 1996–1997, Факултетот за науки за движење на Слободниот универзитет во Амстердам дизајнирал функционални клап-лизгалки што ги користела холандската репрезентација. Во август 1997 година, Меѓународната лизгачка организација ги прифатила клап-лизгалките навреме за Олимписките игри во 1998 година.[8] За време на овие игри, на девет од десетте настани биле срушени светските рекорди со клап-лизгалки.[7]
Сечилото е прицврстено за обувката само на предниот дел со помош на шарка,[9] според урнекот кај скијачкото трчање. Звукот од кликнување што се создава кога петата ќе се спушти на сечилото на крајот од секое притискање го добива скејтот името клап-лизгалка. Предноста на овој единствен стисок е да обезбеди продолжен допир на сечилото со мразот.[8]
На кратки патеки
уредиЛизгалката за кратки патеки се разликува од клап-лизгалката во тоа што се прицврстува на предниот и задниот дел на лизгалката. Причините за оваа разлика се од практична и безбедносна природа. Вртењата на кратки патеки се поостри и бараат помала моќност, но поголема прецизност.[8]
Сечилата на лизгалките за кратки патеки се закривени во насока на свиоците за да се олесне нивното совладување. Тие се поместени налево, така што лизгалката не го допира мразот во свиоците во кои се влегува брзо.[10]
Хокеј на мраз
уредиВо текот на последната четвртина од дваесеттиот век, обликот на хокејските лизгалки доживеал огромни промени. Сечилата биле заменети со синтетички материјали прицврстени на лизгалката[11], што ги прави единствени натпреварувачки лизгалки каде што сечилата и обувката се неразделни.[5] Самата чизма е направена од кожа или пластика, понекогаш најлон.[5] Хокеарската лизгалка е многу тешка обувка. Нејзината цврстина ја намалува нејзината подвижност, но ја зголемува заштитата на лизгачите од удар од стап, сечило или пак.[5] Нејзиното сечило е малку пократко од обувката и е многу закривено,[4] што му овозможува на лизгачот да изведува многу остри свртувања.[9] За да се овозможи подвижност на глуждот, неопходен за остри вртења што се изведуваат во хокеј на мраз, лизгалката е „потсечена“ на внатрешните и надворешните страни на чизмата на нејзиното ниво.[12]
Лизгалките што ги користат голманите се различни. На глуждот тие се скроени пониско од вообичаените хокеарски лизгалки и чизмата се наоѓа поблиску до мразот за тежиштето да биде пониско. Самата чизма е обвиткана со зацврстена пластика за да го заштити стапалото во случај на удар. Сечилото е подолго и е помалку закривено за да му овозможи на голманот полесно да се движи од едната до другата страна на голот.
Лизгалки во уметноста
уредиНа една од неговите слики, Хиеронимус Бош вклучува лик што носи лизгалки од тоа раздобје, направени од дрво и коска.[13]
Наводи
уреди- ↑ „лизгалка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „лизгалка“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 „Where Did Figure Skating and Ice Skates Originate?“. ThoughtCo (англиски). 28 août 2018. Архивирано од изворникот на 2018-10-25. Посетено на 2018-10-25. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 „ice skating | History, Rules, & Facts“. Encyclopedia Britannica (англиски). janvier 2000. Посетено на 2018-10-25. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 „Can You Play Hockey in Figure Skates?“. ThoughtCo (англиски). 7 septembre 2018. Архивирано од изворникот на 2018-10-29. Посетено на 2018-10-29. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „patin clap“ (француски). Посетено на 2018-10-29.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 „Découvrez l'équipement haute technologie de PyeongChang 2018“. En Route - Air Canada (француски). 2018. Архивирано од изворникот на 2018-10-29. Посетено на 2018-10-29.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 „Patinage de vitesse : le matériel qui clap“. Culture générale (француски). 2010-02-17. Посетено на 2018-10-29.
- ↑ 9,0 9,1 „Le patinage de vitesse : longue piste“. Посетено на 2018-10-29.
- ↑ „Special Skates and Gloves for Short Track“ (англиски). 2016-12-30. Посетено на 2018-10-29.
- ↑ Voorbergen, Bert van. „Various hockey skates“ (англиски). Посетено на 2018-10-29.
- ↑ „Tucker Tips - The Importance of Ankle Flex in Skating“ (англиски). 2013-09-22. Посетено на 2019-01-10.
- ↑ „A Peculiar Character From a Hieronymus Bosch Painting Comes to Life on the New York City Subway“ (англиски). 2018-09-19. Посетено на 2019-01-10.