Лидија од Македонија
Лидија од Македонија — опера во два дела на македонскиот композитор Ристо Аврамовски. Создадена е во 2001 година, по нарачка од Македонскиот народен театар. Либретото го направиле Французите Дора Петрова и Ги Шеле во препев на Лилјана и Јордан Плевнеш.
Темата е библиска и се работи за првата покрстена жена на европскиот простор од свети апостол Павле, која се викала Лидија и била од Македонија. Се обработуваат настани што се случиле во тоа време.