Ливањско сирење (босански: Livanjski sir/Ливањски сир) — сирење за прв пат произведено во 19 век во областа Ливно, Босна и Херцеговина.

Ливањско сирење
Други називиLivanjski sir / Ливањски сир
Земја на потеклоБосна и Херцеговина
ГрадЛивно
Млеко одКрава
ПастеризираноНе
ТекстураТврда
Узревање60–66 дена

Сирењето ливно се произведува врз основа на француската технологија за правење на сирењето гријер. Првобитно се правело од овчо млеко, а во денешно време главно се прави од мешавина од овчо и кравјо млеко. Неговото созревање е помеѓу 60 и 66 дена во контролирана средина. Вкусот е робустен, а кај постарите сирења вкусот е малку лут. Најголеми производители се Млекара Ливно и Млекара Лура Ливно, со годишно производство кое надминува 500 метрички тони.[1]

Наводи

уреди
  1. „Traditional Livno Cheese - Arca del Gusto“. Slow Food Foundation (англиски). Посетено на 2022-04-05.