Либеранови
„Либеранови“ — југословенски тв-филм од 1979 година, во режија на Зоран Тадиќ, снимен по сценариото на Стјепан Шешељ. Улогите ги играат: Звонимир Торјанац, Иво Грегуревиќ, Зденко Јелчиќ, Дана Курбалија, Фабијан Шоваговиќ и Анте Вицан. Директор на фотографијата е Марио Перушина.[1]
Синопсис
уредиСтариот Либеран (го игра Торјанац) не сака да го продаде имотот во долината на Неретва на кој треба да се изградат дестилерија и подрум. Неговата тврдоглава борба за зачувување на традиционалниот начин на стопанисување се одразува и на неговиот однос кон двајцата синови: политички активниот Божо (го игра Грегуревиќ) и гастарбајтерот Грга (го игра Јелчиќ).