Лејла Рос-Шиер
Лејла Елберта Рос-Шиер (родена во Мектагарт, 16 ноември 1886 - 26 септември 1968 година) — музичарка, наставничка и композиторка од Кајманските Острови. Рос-Шиер ја напишала државната химна на Кајманските Острови, „Возљубен остров Кајман“.
Биографија
уредиЛејла Рос-Шиер била родена на 16 ноември 1886 година во Голем Кајман.[1] Работела како наставничка, библиотекарка и била официјална матичарка на родени и починати.[2] Таа ги охрабрувала сите средношколци да читаат, без разлика на бојата на нивната кожа, и покрај нормата на сегрегација во тоа време.[2]
Рос-Шиер ја напишала химната „Возљубен остров Кајман“ во 1930 година.[3] Пишувала и химни и балади, а исто така организирала и концерти, а била и црковна органистка.
Рос-Шиер била една од потписниците на петицијата што довела до доделување право на глас на жените на Кајманските Острови во 1959 година.
Рос-Шиер починала на 26 септември 1968 година во Голем Кајман.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Wilcox, Georgina (22 October 2013). „Leila Elberta Ross-Shier composer of National Song remembered“. Cayman iNews (англиски). Архивирано од изворникот 2019-12-30. Посетено на 2019-12-30.
- ↑ 2,0 2,1 Winker, Carol (27 September 2018). „Singing the praises of National Song composer“. The Cayman Compass (англиски). Архивирано од изворникот 2019-12-30. Посетено на 2019-12-30.
- ↑ „National Song“. Cayman Island Government. Архивирано од изворникот на 25 November 2019. Посетено на 30 December 2019.