Леопард од централните покраини

Леопардот од централниоте покраини познат и како Ѓаволски итриот пантер, бил човекојаден индиски леопард (мажјак) кој за период од неколку години убил над 150 луѓе, сите жени и деца. Овој леопард напаѓал во Централните покраини (Индија) на почетокот на 20 век. Леопардот ловел секои 2-3 дена, секогаш на различна локација од последната, и понекогаш овие напади биле оддалечени и 32-48 километри. Нападите предизвикале голема паника меѓу населението, па месното население ретко излегувало од нивните домови само или ненаоружано.

Лов на леопардот

уреди

Непознат британски ловец, откако собрал доволно информации од локалната власт, поставил штаб во едно поголемо село. По 10 дена, ловецот бил информиран дека леопардот влегол во колиба во село кое било оддалечено една милја (1,6 километри) од неговиот штаб, и неуспешно се обидел да одвлече мало девојче. Два дена подоцнa, леопардот повторно нападнал во друго село. Ловецот 3 недели го барал леопардот но потрегата била неуспешна.

Со растењето на бројот на жртвите, ловецот планирал до го премести логорот, но момче од село кое било оддалечено само 4 милји (6,4 киломтри) тврдел дека леопардот го одвлечкал неговиот брат додека ги воделе кравите. Ловецот го нашол телото на момчето и останал да чека надевајќи се дека леопардот ќе се врати. Леопардот се вратил ноќта, но ловецот не успеал да го застрела поради темнината. Леопардот се враќал повеќепати таа ноќ, но обидите на ловецот останале неуспешни. По изгрејсонце, леопардот го немало, а ловецот безуспешно трагал по него. Втората ноќ леопардот се доближил до шаторот на ловецот, меѓутоа избегал откако бил забележан од селаните.

Убивање на леопардот

уреди

Три дена подоцна леопардот нападнал коза на гондиски сточар. Леопардот за кратко време повторно се вртил на истото место и бил застрелан од страна на фармерот. Крзното и дел од содржината во стомакот (во која имало човечка коса, што докажувало дека леопардот е човекојадец), му биле покажани на британскиот ловец. Ловецот ја откупил кожата за 10 рупии, и подоцна запишал дека кожата и ноктите во солидна состојба, што не се очекувало од старо и немоќно животно. По проучување на крзното не биле откриени никакви знаци на стари повреди кои би го спречиле леопардот да лови вистински плен, поради што заклучиле дека најверојатно леопардот како младенче бил хранет со човечко месо од неговата мајка, за која исто така се смета дека била човекојадец.

Наводи

уреди
  • A Devilish Cunning Panther from Tales from the Outposts, Pardesi, Blackwood, 1933 © 1933 by William Blackwood and Sons