Леон ван дер Торе
Лендерт (Леон) ван дер Торе — професор по информатика при Луксембуршкиот универзитет и шеф на одделот за компјутерски науки и комуникации. Леон ван дер Торе врши истражување во областа на нормативни мулти-агентни системи и деонтичка логика. Основач е на лабораторијата за роботика на Луксембуршкиот универзитет.
Леон ван дер Торе Leon van der Torre | |
---|---|
Роден(а) | 18 март 1968 Ротердам, Холандија |
Живеалиште | Луксембург, Луксембург |
Државјанство | Холанѓанец |
Полиња | мултни-агентни системи, деонтичка логика, вештачка интелигенција |
Установи | Луксембуршки универзитет |
Докторски ментор | Јао-Хуа Тан |
Познат по | нормативни мулти-агентни системи |
Животопис
уредиВан дер Торе ги завршил докторските студии на Ротердамскиот универзитет Еразмус, Холандија, во 1997 година. После повеќе места во Холандија, Франција и Германија станал професор по компјутерски науки на Луксембуршкиот универзитет во 2006 година. Во периодот од јануари до јули 2013 година предавал на Универзитетот Станфорд. Во 2015 година станал почесен член на ECCAI.