Леоноре Гевеслер
Леоноре Гевеслер (германски: Leonore Gewessler) е австриска политичарка од партијата „Зелени - зелена алтернатива“ и поранешна еко-активистка. Од 2014 до 2019 година, таа била извршен директор на еколошката организација Глобал 2000. Од јануари 2020 година, таа е министерка за заштита на климата, животна средина, енергија, мобилност, иновации и технологија на Австрија (во втората влада на Себастијан Курц, владата на Александар Шаленберг и владата на Карл Нехамер).
Леоноре Гевеслер | |
---|---|
Министер за климатски активности, животна средина, енергија, мобилност, иновации и технологија | |
На должноста | |
Стапил 7 Јануари 2020 | |
Претседател | Александар Ван дер Белен |
Канцелар | |
Претходник | Андреас Рајхард |
Лични податоци | |
Роден(а) | 15 октомври 1977 Грац, Штаерска, Австрија |
Партија | Зелените – Зелената алтернатива |
Установа | Универзитетот во Виена |
Ран живот
уредиРодена е на 15 септември 1977 година во Грац, Австрија. Основното образование го завршила во училиштето Сент Мариен во близина на Грац и учела во Федералното средно економско училиште во Грац.
Образование
уредиГевеслер се здобила со диплома за политички науки (БА) на Универзитетот во Виена.
Политичка кариера
уредиОд 2014 до 2019 година, Гевеслер служела како шеф на најголемата австриска добротворна организација за заштита на животната средина и лобирање Глобал 2000. Во ова својство, таа се залагала за популарна кампања против проширувањето на старата Нуклеарната централа Мочовце во соседна Словачка, од советската ера, а само 100км од австриската граница.[1]
Во преговорите за коалициска влада по националните избори во 2019 година, Гевеслер била член на делегацијата на Партијата на зелените.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Sam Jones (March 2, 2020), Austrian Greens’ ‘super minister’ takes the reins Financial Times.
Надворешни врски
уреди- Леоноре Гевеслер на веб-страницата на австрискиот парламент