Лента во спротивна насока

Во номенклатурата на транспортното инженерство, лента во спротивна насока или контранасока е лента во која текот на сообраќајот е во спротивна насока од околните ленти.

Лентите во спротивна насока често се користат за велосипеди или брз автобуски транзит на она што инаку би биле еднонасочни улици

Велосипедски ленти во спротивна насока

уреди
 
Велосипедска лента во спротивна насока во Кан, Франција

„Контранасока" или лентa во спротивна насока е чест дел од пристојната велосипедска инфраструктура и често се појавува на еднонасочни улици. Стандардниот пример е таков што автомобилскиот и другите типови моторен сообраќај може да имаат само една коловозна лента, додека од двете страни постојат велосипедски ленти; една којашто оди во иста насока како моторниот сообраќај, а друга (контранасочна лента) којашто им овозможува на велосипедистите да се движат безбедно и во спротивна насока од автомобилите. Ова е дозволено кога патот не е доволно широк за две ленти за автомобилски сообраќај, но постои доволно простор за да се овозможи дополнителна велосипедска лента; и без тоа велосипедистите би биле принудени да прават долги и можеби небезбедни заобиколувања.

Другиот случај е сличен како случајот погоре со тоа што постои само една велосипедска лента, лентата во спротивна насока, и велосипедите кои се движат во иста насока како автомобилите ја споделуваат автомобилската лента. Ова решение е посоодветно за многу тесни патишта или патишта со неоптоварен сообраќај.[1]

 
Сообраќаен знак во Рен, што означува улица која е еднонасочна за моторни возила, но двонасочна за велосипеди

Во Белгија од 2005 година, а во Франција од 2010 година, основната позиција во градовите е еднонасочните улици да бидат достапни за возење велосипед во која било насока, на француски јазик познато како sens unique limité (SUL). Во овој случај, лентата во спротивна насока е често обележана со боја, со точкести бели линии и идеограми на велосипед, или по целиот тек на улицата ако е прометна, или повообичаено само на крстосници.

Во Холандија, повеќето еднонасочни улици се двонасочни за велосипедисти[се бара извор]иако ова не е секогаш означено со лента во спротивна насока. Ова е означено како „еднонасочна улица, освен за велосипедисти“. 

Возењето велосипед во спротивна насока често се асоцира со повисок ризик од судир, но онаму каде што е соодветно оценето, возењето во спротивна насока всушност го намалува ризикот од судири.[2]

Наводи

уреди
  1. „Contra-flow bike lane with separator“. City of Sydney. Посетено на 27 March 2012.
  2. Vandenbulcke, Grégory; Thomas, Isabelle; Int Panis, Luc (July 2013). „Predicting cycling accident risk in Brussels: an innovative spatial case-control approach“. Accident Analysis and Prevention. doi:10.1016/j.aap.2013.07.001.