Лек без рецептлек што може да се издава без лекарски рецепт (во случај на ветеринарни лекови без ветеринарен рецепт), бидејќи не ги исполнува критериумите за класификација како лек на рецепт. За нив се користи ознаката BRp.[1] Во начело, лековите кои се издаваат без рецепт содржат активни состојки кои се користат безбедно долго време и не претставуваат голема опасност за пациентот, но потребна е и претпазливост при нивното користење.[2]

Мерила

уреди

Лековите што може да се продаваат без рецепт мора да ги исполнуваат следниве мерила:

  • мора да имаат ниска вкупна токсичност и не смеат да имаат значителни репродуктивни, генотоксични или канцерогени својства;
  • мора да претставуваат низок ризик од сериозни несакани ефекти и многу низок ризик од неочекувани сериозни несакани ефекти;
  • не смеат да имаат интеракции со најчесто користените лекови што може да доведат до сериозни несакани ефекти;
  • контраиндикациите, интеракциите, предупредувањата и меркита на претпазливост што се однесуваат на овој лек мора да бидат разбирливи за корисникот;
  • ризикот од сериозни несакани ефекти е прифатлив само ако е можно превентивно да се исклучат ризичните групи на луѓе, без медицински надзор.

Класификација

уреди

Понатаму, лековите без рецепт се класифицирани во две групи во зависност од местото на издавање:

  • Лекови без рецепт кои се достапни само во аптеките - безбедното самолекување бара надзор и советување во аптеките, особено за пациентот да добие информации за можни контраиндикации, неопходни предупредувања и мерки на претпазливост, можни интеракции со други лекови, несакани ефекти. Со советувањето во аптека дополнително се заштитува од можноста за неправилно дијагностицирање на болеста и можни последици поради ненавремено лекување, предозирање и злоупотреба на лекови, како и развој на отпорност на микроорганизмите на лекови.
  • Лекови без рецепт, кои се продаваат во аптеки и специјализирани продавници - содржат главно активни состојки од растително потекло, нивното дејство е релативно благо и се користат за отстранување на поблаги симптоми, тие се релативно безопасни;

Предности и слабости

уреди

Достапноста на лекови без рецепт може да игра позитивна улога, бидејќи овие лекови брзо и ефикасно ги ублажуваат медицинските проблеми за кои не е потребен медицински совет, го олеснуваат товарот на медицинските клиники и ја прошируваат достапноста на лекување дури и во оддалечените места каде што нема доктор. Сепак, употребата на лекови без рецепт и други облици на самолекување исто така претставуваат терапевтски ризици, како што се погрешна дијагноза, неправилен избор на лекување, неправилна употреба на лекот, недоволна или прекумерна доза, предоцна барање медицинска помош.[3]

Раширеност на употребата

уреди

Употребата на лекови без рецепт е доста честа појава. Често се користи и кај деца.[4] Како што се зголемува достапноста на лекови без рецепт, така се зголемува и ризикот од несакани ефекти.[5]

Наводи

уреди
  1. „Аптекарско работење“ (PDF). Министерство за образование и наука. Посетено на 18 февруари 2024..
  2. „Правилник за начинот на пропишување и издавање на лекови на рецепт“ (PDF). ФЗО. Посетено на 18 февруари 2024.
  3. Pisk, Nina. "Zgodovina samozdravljenja in zdravil brez recepta." Farmacevtski vestnik letnik 62. številka 2 (2011) str. 108–109.
  4. Kerec Kos M. "Medsebojno delovanje zdravil brez recepta z drugimi zdravili." Farmacevtski vestnik letnik 62. številka 4 (2011) str. 195–202.
  5. Brvar M. "Neželeni učinki in zastrupitve zaradi samozdravljenja." Farmacevtski vestnik letnik 62. številka 4 (2011) str. 203-206.