Несакана реакција
Несакана реакција е секој несакан и штетен одговор на фармацевтскиот производ што се јавува при неговата употреба. Несакана реакција може да се појави после една доза или пролонгирана администрација на еден лек или при истовремена употреба на повеќе лекови. Проучувањето на несаканите реакции е цел на науката позната како фармаковигиланца. Несакан настан се однесува на несакан и штетен одговор за време на употребата на лекот, при што може лекот и да не е идентификуван како причинител. Несаканата реакција е посебен вид на несакан настан каде е потврдена причинско-последичната поврзаност.
Несакана реакција | |
---|---|
Осип на кожата како резултат на несакана реакција |