Снежни котли

(Пренасочено од Леднички циркови)

Снежни котли (полски: Śnieżne Kotły, чешки: Sněžné jámy, германски: Schneegruben; во буквален превод „снежни јами“) — два леднички котли кои се наоѓаат на Судетските Планини во Полска, во националнот парк Карконоже, на надморска височина од 1,175 м (3,855 ст). Тие се уникатен пример на алпски пејзаж во областа и се природен резерват од 1933 година.

Снежните котли
Зимски пејзаж на Снежните котли

Опис

уреди

Ѕидовите на двата котли се високи 100 метри и содржат мали леднички езера.[1] Тие биле формирани во последната фаза од ледничкиот период и се состојат претежно од гранит. Сепак, на две изложени места бил пронајден базалт, што е доста ретко во овој дел од Средна Европа.[1] Некои ретки видови арктички и алпски растенија се појавуваат во студените и темните делови на котлите,[2] а тоа е единственото место во Средна Европа каде што се појавува снежната каменоломка.[1] На врвот на поголемиот котел има радио и телевизиска кула.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Roślinność Śnieżnych Kotłów“. Архивирано од изворникот на 2012-03-01. Посетено на 2018-11-28.
  2. Śnieżne Kotły Архивирано на 30 јуни 2019 г..