Уметничка галерија Леди Левер
Уметничката галерија „Леди Левер“ (англ. Lady Lever Art Gallery) е галерија основана во 1922 од страна на индустрискиот магнат, виконтот Вилијам Левер, сопственик на фабриката за сапуни „Санлајт“ (Sunlight Soap), и е посветена во чест на неговата почината жена.[1]
Галеријата е сместена во привлечното село Порт Санлајт во Мерсисајд, Англија, кое го изградил самиот лордот Левер. Позната е по тоа што содржи многубројни претставителни дела од британското сликарство од XVIII и XIX век, збирка од мебел од XVIII век, како и извонредна збирка порцелани од прочуениот изработувач „Веџвуд“.[2]
Галеријата е прогласена за национална знаменитост од II класа, и претставува дел од здружената установа Национални музеи Ливерпул.[3]
Збирка
уредиЛиковната збирка на галеријата ги содржи, меѓу другото, и следниве дела:
- „Меурчиња“ (Bubbles)
- „Жртвениот јарец“ (The Scapegoat)
- „Кромвел на неговата фарма“ (Cromwell on his Farm)
- „Сон за минатото: Сер Изумбрас во бродот“ (A Dream of the Past: Sir Isumbras at the Ford)
- „Црниот брауншвајгер“ (The Black Brunswicker)
Наводи
уреди- ↑ Историја на галеријата „Леди Левер“ (англиски)
- ↑ Збирка на „Веџвуд“ порцелани во галеријата „Леди Левер“ (англиски)
- ↑ Национални музеи Ливерпул (англиски)
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Уметничка галерија Леди Левер“ на Ризницата ? |
- Страница на галеријата „Леди Левер“ (англиски)
- Актуелности во галеријата „Леди Левер“ (англиски)
- Личен осврт со фотографии (англиски)
- Слики од Англија — поподробно на базата на податоци за класифицираните градби (215404) (англиски)