Легендата за сурамската тврдина

„Легендата за Сурамската тврдина“ (грузиски: ამბავი სურამის ციხისა) — советски филм од 1984 година во режија на Сергеј Параџанов и Давид Абашиѕе. Главните улоги ги играат: Верико Анџапариѕе, Тамари Цицишвили, Дудухана Цероѕе и Додо Абашиѕе. Филмот, кој претставува екранизација на познатата грузиска народна приказна, е првото остварување на Параџанов по 15-годишната цензура. Тој е стилски поврзан со филмот „Бојата на калинките“ од 1968 година и се состои од низа слики, минимални дијалози и со надреална, речиси ониричка атмосфера.[1]

Синопсис уреди

Едно момче, кое заминува да најде работа, се разделува од својата девојка, со ветување дека пак ќе ѝ се врати. Во меѓувреме, таа станува гатачка. Истовремено, градбата на една тврдина е запрена, зашто ѕидот постојано се урива. Царот испраќа гласници до гатачката, која кажува дека момчето мора да биде заѕидано во тврдината за да се запре магијата...

Наводи уреди

  1. „Filmovi Sergeja Paradžanova: Legenda o suramskoj tvrđavi, sovjetski film (пристапено на 9.2.2024)“. Архивирано од изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2020-06-25. Посетено на 2024-02-13.