Лебед Xѕвездообразна област во соѕвездието Лебед на растојание од 1,4 килопарсеци (4.600 светлосни години) од Сонцето.

Снимка на Лебед X снимен од Спицер.

Со местоположба зад Големиот Процеп и неговата светлина е впиена од меѓуѕвездениот прав на Млечниот Пат, и е подобро изучуван во други бранови должини на електромагнетниот спектар како што се инфрацрвените зраци.

Физички својства

уреди

Истражувањата направени со помош на вселенското летало Спицер покажале, дека Лебед-X има пречник од 200 парсеци иго содржи најголемиот број на масивни протоѕвезди како и најголемото ѕвездено здружение (Лебед OB2, со околу 2.600 ѕвезди од спектрален тип OB и маса од 105 сончеви маси) во полупречник од 2 килопарсеци од Сонцето. Исто така се поврзува со еден од најголемите познати молекуларни облаци, со маса од 3 милиони сончеви маси. Во ѕвезденото население се вклучени голем број на млади ѕвезди, како и развиени масивни ѕвезди како на пример сјајни промениви ѕвезди, Волф-Рајеови ѕвезди и суперџиновски ѕвезди од спектрален тип O и B.

Постојаните истражувања на Лебед X ги вклучуваат и ѕвездените здруженија: Лебед OB2 и Лебед OB9 како и голем број на млади ѕвезди како на пример BD+40° 4210, син суперџин и кандидат за сјајна сина променлива ѕвезда, односно една од најсјајните ѕвезди, како и повеќе суперџиновски ѕвезди од спектрален тип O и B. Истото истражување укажува дека ѕвездообразноста се случува веќе 10 милиони години и трае до ден денес.

Наводи

уреди

What is Cygnus-X Region?

Cygnus-X: The Inner Workings of a Nearby Star Factory (APOD)

New members of the massive stellar population in Cygnus