Ла дона гравида
Ла дона гравида (или само La gravida; италијански за „Трудница“) — портрет масло на дрво од италијанскиот уметник од високата ренесанса Рафаело. Насликана е помеѓу 1505 и 1506 година, за време на престојот на Рафаело во Фиренца, Италија. Денес се наоѓа во Палацо Пити во Фиренца.
Творец | Рафаело Санти |
---|---|
Година | 1505–1506 |
Димензии | 66 см × 52 см |
Место | Палацо Пити, Фиренца |
Портретот прикажува бремена жена како седи со левата рака потпрена на стомакот. Сликите на бремени жени биле невообичаени во периодот на ренесансата.
Историја
уредиДелото се споменува за прв пат во пописот на Палацо Пити од почетокот на 18 век, како од непознат уметник. Во 1813 година била префрлена во колекцијата на Големиот војвода во Уфици, пред повторно да се врати во Палацо Пити каде требало да замени неколку дела ограбени од Французите. Во пописот од 1815 година му била припишана на Иноченцо да Имола, додека во оној од 1829 година повторно е наведена како од непознат сликар. За прв пат му била припишана на Рафаело во 1839 година: денес речиси едногласно се смета за дело на умбрискиот сликар, со исклучок на италијанскиот историчар на уметноста од 19 век Џовани Батиста Кавалкасел, кој му ја припишал на Ридолфо дел Гирландајо.
Идентитетот на прикажаната жена е спорен. Таа би можела да биде член на семејството Буфалини на Чита ди Кастело, или Емилија Пиа да Монтефелтро, поради сличностите со Портретот на Емилија Пиа да Монтефелтро, сега во Балтиморскиот уметнички музеј во САД.