Културата на Латвија го комбинира традиционалното латвиско и ливонско наследство со влијанија на разновидното историско наследство на земјата.

Латвиски социјален клуб во Лидс, Англија

Историја

уреди

Областа на Латвија е населена уште од 9000 година п.н.е. Балтичките племиња, предците на денешните Латвијци, ја населиле територијата пред околу 3000 п.н.е. Во 13 век, по освојувањето на денешна Латвија, балтичките Германци ја населиле територијата и постепено се наметнале како висока класа на општеството и владетели на Латвија, додека Латвијците и Ливонците ги загубиле своите позиции и станале кметови во 16 век. Ова предизвикало германизација на образованите жители, но сепак биле сочувани некои локални традиции. Во 19 век, со укинувањето на кметството, започна латвиското национално движење наречено Првото латвиско национално будење. Предводено од "Младите Латвијци", ова национално движење ги охрабри Латвијците да станат уметници и научници, истовремено зачувувајќи го нивното културно наследство и јазикот. Движењето беше потиснато во периодот на русификацијата, проследен со левичарското движење Нова струја на почетокот на 20 век. Русификацијата беше причина за второто "Латвиско национално будење", што на крај резултираше со прогласување на независна Латвија во 1918 година.

На 15 мај 1934 година, Карлис Улманис ја презеде власта со државен удар и воспостави авторитарен режим, кој траеше до избувнувањето на Втората светска војна и советската окупација во 1939-40 година. Сепак, во културен поглед, овој период се смета за "златно доба" на Латвија. За време на војната, со период на германска окупација од 1941-45 година, Латвија ја изгуби својата независност со конечната окупација од страна на СССР и на тој начин стана Латвиска ССР. Советскиот период заврши во 1991 година, за време на третото "Латвиско национално будење".

Луѓе

уреди

Мнозинството од жителите на Латвија се Латвијците.[1] Постои културно и јазично различна подгрупа, Латгалци, кои живеат во регионот Латгале во источна Латвија. Друга домородна група се Ливонците, чијшто финско-ливонски јазик е речиси исчезнат. Најголемата малцинска група се словенските народи, особено Русите. Други малцински групи се Ромите, балтичките Германци и Евреите, чие население значително се намали по Втората светска војна, како и Литванците и Естонците.

Религија

уреди

До 12 век, Латвијците биле натуралисти (пагани), а христијанството пристигнало дури во 12 и 13 век и било највлијателната религија во регионот сѐ до доаѓањето на комунизмот во 20 век, кога сите религии биле забранети. Денес, мнозинството на Латвијци се дел од Лутеранската црква, иако постојат големи католички и православни христијански малцинства.[1]

Региони

уреди
 
Историски региони на Латвија, заедно со латвиски културни групи

Латвија е поделена на неколку културни и историски региони: Vidzeme, Latgale, Kurzeme и Zemgale. Понекогаш, Sēlija и Maliena се издвојуваат како посебни региони.

Фолклор

уреди

Латвијците имаат богато наследство на традиционален фолклор, особено народни песни. Повеќе од 1.2 милиони текстови и 30.000 мелодии на народни песни се идентификувани, а датираат пред повеќе од илјада години.[2]

Книжевност

уреди

Музика

уреди

Архитектура

уреди

Традиционална архитектура во Латвија се дрвените куќи. Позицијата на куќите се разликува кај одделните региони. Во западна Латвија, единечните фарми се попопуларни и во селата, куќите се поставени во круг околу централен плоштад. Во источна Латвија, селата се попопуларни и куќите се поставени по главната улица. Се претпоставува дека ова настанало повеќе како резултат на руско влијание.

Културен канон

уреди

Започнат во 2007 година, сега веќе завршен, Латвискиот културен канон беше селектиран од групи на експерти од областа на архитектурата и дизајнот, кино, книжевност, музика, сценска уметност, национални традиции и визуелни уметности. Содржи вкупно 99 дела.[3]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Latvia - Language, Culture, Customs and Etiquette“. www.commisceo-global.com (англиски). Посетено на 2018-05-13.
  2. „Latvijas Institūts | Aktualitātes“. www.li.lv. Архивирано од изворникот на 2011-05-15. Посетено на 2018-05-13.
  3. „Latvijas Kultūras kanons“.

Надворешни врски

уреди