Иван или витезот со лавот
Иван или витезот со лавот (француски: Yvain ou le Chevalier au lion) — витешка поема на средновековниот писател Кретјен де Троа. Напишана некаде во 1170, веројатно во исто време со Ланселот или витезот од кочијата, друга поема која се чини дека е претхоник на Витезот со лавот. Во поемата се зборува за Иван или Ивејн, витез од округлата маса во дворот на Кралот Артур, кој заминува на витешки поход.
Витезот со лавот е достапна во осум ракописи и два фрагменти. Поемата сочинува 6,808 осмерци во рима, а постојат и две изданија со илустрации.[1] Според Жан-Пјер Фуше, француски книжевен критичар: „авторот го сметал Иван за свој најдобар витешки роман“.[2] Иако овој роман има извршено големо влијание врз западната книжевност, сепак според многумина тој многу наликува на хагиографијата Животот на Свети Мунго.
Оваа статија за книга е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Наводи
уреди- ↑ Hindman, Sandra. Sealed in Parchment. Rereadings of Knighthood in the Illuminated Manuscripts of Chretien de Troyes. University of Chicago Press, 1994. $16.95 (pb). ISBN 0-226-34156-9, review by M. McIlwain: [1] Архивирано на 3 октомври 2012 г. „Таа го користи мотивот на витезот, професија на сите протагонисти на де Тора, за да ја следи оваа промена. Во секое од петте поглавја таа гледа како различни општествени идентитети на витезот влијаеле врз сфаќањето, пишувањето и илустрирањето на поемите."
- ↑ Jean-Pierre Foucher, Yvain, le Chevalier au Lion, Gallimard, 1982Предлошка:Commentaire biblio