Гиневра
Кралица Гиневра (англиски: Guinevere, велшки: Gwenhwyfar) — легендарна кралица на Камелот и сопруга на кралот Артур, која се споменува во средновековните велшки хроники, како и во англиските и француските епски песни за кралот Артур и витезите на тркалезната маса, кои го сочинуваат британскиот циклус (англиски: Matter of Britain) во англиската и француската средновековна литература.[1][2]
Гиневра Guinevere | |
---|---|
лик од Британски циклус | |
Гиневра го гледа смртно ранетиот Артур како испловува кон Авалон во Кралицата Гиневра од Џејмс Арчер (околу 1860) | |
Информации | |
Звање | принцеза, кралица |
Занимање | Кралица на Британија, водачка на манастир |
Семејство | Разни, вклучувајќи ги Лиодегренс (татко) и Гиневак (сестра) |
Сопружник | Артур, понекогаш Мордред |
Во врска со | Мордред, Едерн ап Нуд, или Ланселот; понекогаш и други |
Деца | вообичаено нема |
Религија | христијанска |
Легенда
уредиЛегендата за Артур и Гиневра првпат се споменува во Историја на британските кралеви (латински: Historia Regum Britanniae) на велшкиот монах Џефри од Монмут (1095-1155), а се разликува во детали во зависност од изворот. Во основа, Гиневра се мажи за кралот Артур од должност, кого го почитува како херој и господар, но бракот останува без деца. Гиневра ја грабнуваат непријателите на кралот и ја спасува најдобриот витез и пријател на Артур, Ланселот. Ослободената кралица се вљубува во Ланселот, кој по долго двоумење помеѓу должноста кон кралот, витешкиот дел и неговите чувства, станува нејзин таен љубовник. Поткажани од непријателите на кралот, љубовниците биле фатени на дело и осудени на смрт, но Артур ги помилувал и двајцата: Ланселот бил протеран, а Гиневра затворена во манастир. Загубата на неговата сопруга и најдобар пријател тешко го погодува Артур, што неговите непријатели го користат за да започнат војна, која завршува со смртта на Артур и падот на Британија.[1][2]
Популарност
уредиЛегендата за кралот Артур и Гиневра бил многу популарен мотив во поезијата и литературата, од француските витешки романси од 12 и 13 век, преку Томас Малори и неговиот роман Смртта на Артур (француски: Le Morte d'Arthur), до современите историски романи на Бернард Корнвел (англиски: The Warlord Chronicles, 1995-1997). Оваа тема е екранизирана многу пати, а кралицата Гиневра ја играле:
- Чери Лунги во филмот Ексакалибур (1981) ,
- Џулија Ормонд во Првиот витез (1995) ,
- Кира Најтли во Кралот Артур (2004) .
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Coghlan, Ronan (1992). The encyclopaedia of Arthurian legends. Internet Archive. Shaftesbury, Dorset ; Rockport, Mass. : Element Books. ISBN 978-1-85230-199-6.
- ↑ 2,0 2,1 Hopkins, Andrea (2004). The book of Guinevere : legendary Queen of Camelot. Internet Archive. Glasgow : Saraband. ISBN 978-1-887354-04-2.