Езерото Лама (руски: Лама) е големо слатководно езеро (од тектонско потекло) во Краснојарскиот крај, североцентрален дел на Русија.[1]

Панорама на езерото Лама

Географија

уреди

Езерото Лама се наоѓа во областа на платото Путоранана 69°31′02″N 90°37′30″E / 69.5172222° СГШ; 90.625° ИГД / 69.5172222; 90.625, 140 км источно од градот Нориљск, и има површина од 318 км2 (други извори наведуваат 460 км²). Долго е 80 км, а широко 8 км (според други извори, должината изнесува 100 км, а ширината 20 км) со длабочина од 300 до 600 м. Езерото Лама е поврзано со езерото Мелкоје преку реката Лама.[2]

Езерото беше истражено и опишано за првпат од страна на рускиот научник Николај Урванцев и неговиот колега Базанов за време на експедицијата реализирана во 1921 година.

Потекло на името

уреди

Хидронимот Лама потекнува од тунгускиот збор laamu во кој значи море, океан, голема вода.

На картата на Руска Азија објавена во 1911 година од страна рускиот Генералштаб немаше езеро со назив Лама. Езерото беше приближно опишани и беше именувано Давидово.

Слики од езерото

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Ozero Lama“. Mapcarta. Посетено на 3 May 2016.
  2. Bochkarev, B. "Lake Lama near Norilsk in Krasnoyarsk Krai, Russia", Siberian Wonders, 30 Aug 2011. Retrieved 23 Oct 2014.