Лазарев Леден Гребен

леден гребен на Антарктикот

Лазарев Леден Гребен (руски: Шельфовый ледник Лазарева, англиски: Lazarev Ice Shelf) — дел од ледениот гребен на границата на Брегот на Принцезата Астрид во Земја на Кралицата Мод на Антарктикот. Сместен е меѓу островите Ленинградски и Вербљуд. Лежи на западниот дел на Рисер-Ларсеновото Море и долг е околу 90 км, при што на неговиот западен раб е ’ртот Разлом.

ЛЛГ is located in Антарктик
ЛЛГ
Местоположба на гребенот

Гребенот за првпат е снимен од воздух и картиран на Третата германска антарктичка експедиција од 1938–39 г. Понатаму е истражен и картиран од Советската антарктичка експедиција во 1959 г. и наречен по поларниот истражувач Михаил Лазарев (1788 – 1851).[1]

’Ртот Опорни е леден ’рт долж западната страна на Лазаревиот Леден Гребен, околу 28 км северно од островот Ленинградски. Наречен е Опорни („потпорен“) бидејќи тука ледениот гребен лежи на морското дно.[2]

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. „Лазарев Леден Гребен“. Информативен систем за географски називи, Геолошки топографски институт на САД. Посетено на 30 јуни 2020. (англиски)
  2. 'Рт Опорни“. Информативен систем за географски називи. Геолошки топографски институт на САД. Посетено на 30 јуни 2020. (англиски)

  Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од портали или документи од Геолошки топографски институт на САД (USGS). (англиски)

Координати: 69°37′S 14°45′E / 69.617° ЈГШ; 14.750° ИГД / -69.617; 14.750