Лазарева Ледена Плоча

ледена плоча на Антарктикот

Лазарева Ледена Плоча (руски: Шельфовый ледник Лазарева, англиски: Lazarev Ice Shelf) — дел од ледената плоча на границата на Брегот на Принцезата Астрид во Земја на Кралицата Мод на Антарктикот. Сместена е меѓу островите Ленинградски и Вербљуд. Лежи на западниот дел на Рисер-Ларсеновото Море и долг е околу 90 км, при што на неговиот западен раб е ’ртот Разлом.

ЛЛП во рамките на Антарктик
ЛЛП
Местоположба на плочата

Плочата за првпат е снимена од воздух и картиран на Третата германска антарктичка експедиција од 1938–39 г. Понатаму е истражен и картиран од Советската антарктичка експедиција во 1959 г. и наречен по поларниот истражувач Михаил Лазарев (1788 – 1851).[1]

’Ртот Опорни е леден ’рт долж западната страна на Лазаревата Ледена Плоча, околу 28 км северно од островот Ленинградски. Наречен е Опорни („потпорен“) бидејќи тука ледената плоча лежи на морското дно.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Лазарева Ледена Плоча“. Информативен систем за географски називи, Геолошки топографски институт на САД. Посетено на 30 јуни 2020. (англиски)
  2. 'Рт Опорни“. Информативен систем за географски називи. Геолошки топографски институт на САД. Посетено на 30 јуни 2020. (англиски)

  Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од портали или документи од Геолошки топографски институт на САД (USGS). (англиски)

69°37′S 14°45′E / 69.617° ЈГШ; 14.750° ИГД / -69.617; 14.750