Лажна месечина односително светла прозрачна област на Месечевиот ореол. Настанува поради прекршување на Месечевата светлина во рамни шестаголни ледени кристали во пердувесто-слоевитите облаци. Лажните месечини се појавуваат десно и лево од вистинската Месечина на растојание од околу 22° од неа (полупречникот на нормален ореол).[1][2]

Лажна месечина

Тие се целосен аналог на лажни сонца, но се поретки, бидејќи за ова Месечината мора да биде светла, а со тоа и полна или речиси полна. Лажните месечини, како лажните сонца, се обоени: делот најблиску до Месечината е црвеникав, а далечниот дел е синкав. Но оваа боја доста тешко може да се забележи со окото, бидејќи светлината на лажната месечина одвај е доволна за да ги возбуди конусните ќелии клетките на мрежницата што се чувствителни на боја.[3]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Зверева 1988, Глава 6. Гало. Многообразие форм гало.
  2. „Definition of paraselene“. Collins English Dictionary.
  3. Lisle, Jason. The Stargazer's Guide to the Night Sky. стр. 83.

Надворешни врски уреди