„Лагер Ниш“ — југословенски филм од 1987 година во режија на Миомир Стаменковиќ. Главните улоги ги играат: Светислав Гонциќ, Милан Штрљиќ, Миодраг Мики Крстовиќ и Танасије Узуновиќ.

Синопсис

уреди

Кон крајот на 1941. година, Гестапо го формира првиот концентрационен логор во Југославија - Лагер Ниш. Во логорот се сместени политичките затвореници, заложниците, Евреите и заробените партизани. Во филмот се прикажува судбината на нишкото семејство Зариќ, таткото и синот, како и настаните во логорската соба бр. 12, наречена „соба на смртта“. Додека германската војска секојдневно ги стрела заробениците, во логорот се подготвува план за бегство. Најпосле, од 145 луѓе затворени во логорот, над сто успеваат да побегнат...[1]

Наводи

уреди