Куќа – сопственици Петре и Миле Желчевски (Галичник)
Куќата на Петре и Миле Желчевски ― историска куќа во сопственост на галичките семејства Желчевски и Граорковски која е заведена како културно наследство на Македонија.
Куќа на Петре и Миле Желчевски | |
---|---|
Културно добро на Македонија | |
Адреса | Долно Маало, Галичник |
Општина | Маврово и Ростуше |
Број | [1] |
Создадено | 1909 |
Запис на НИСКН |
Историја
уредиКуќата на каирските печалбари Петре и Миле Желчески била изградена 1909 година од нивниот татко Трпко. Во неа биле родени и израснати голем број на членови од фамилијата Желчески, но посебно треба да се истакне Ристо Желчески кој бил првиот дипломец на економски науки на факултетот во Сорбона.[1]
Особености и градба на куќата
уредиГрадбата претставува камен кубус кој изникнува од стрмниот терен. Куќата во основа е со димензии 13 × 10,5 м и била развиема во висина од три ката, при тоа е користена конфигурацијата на теренот за да се вклопат, сутеренот, приземјето и катот. Така се создадени четири влеза, од кои два се створени од камени монументални портали. Во конструктивна смисла објектот примарно е граден од носиви камени ѕидови д=90 см, делумно бондрук констркција со ѕидови болме д=15 см, дрвена меѓукатна и таванска дрвена конструкција. Во куќата се среќава јасна издиференцираност во функционална смисла на просториите. Во сутеренот се наоѓаат две бакалници - продавници за секој брат по една, по еден клед и дрвени скали за приземје. Со оглед дека објектот е граден во него да живеат двајца браќа со фамилиите на приземјето и катот ги има следните простории: Во приземјето од заедничката ѓезентија (ходник) се влегува во две куќи (кујните) со камини - две одајчиња и заедничката трпезарија за зеднички дружби на двете фамилии, на катот се наоѓаат две спални соби, ѓезентија, мал параклис и најмногу што импресионира големиот заеднички чардак 4 × 13 м со два влеза и 12 прозори. На фасадата околу целиот чардак се поставени дрвени штици - перде кои кореспондираат со каменот.[1]
Наводи
уреди