Кучешка поза
Кучешка поза (англиски: Doggy style) или поза на колена — сексуална поза во која жената се наведнува, клекнува или лежи со лицето надолу, додека мажот е зад неа. Тоа е еден вид поза за навлегување одзади, слична на другите, како што е позата „лажица“ (каде жената лежи настрана), или позата „обратна каубојка“ (каде жената седи свртена од мажот).[1][2]
Името го добила по позата во која кучињата се парат. Оваа е една од омилените пози на мажите.[3] Кучешката поза може да биде дел од групниот секс бидејќи пасивниот член на кучешката поза може да учествува на пр. во орален секс со трет партнер.[4]
Особености
уредиПредности
уредиВо кучешката поза, партнерот одзади може да го допира и гали телото на партнерот напред користејќи ги рацете. Во меѓувреме, партнерот напред (без разлика дали е жена или маж) може да посегне назад за да го стимулира пенисот и јајцата на партнерот одзади. За вагинален секс, оваа поза често ја препорачуваат сексолозите бидејќи може да обезбеди силна возбуда на Г-точката поради аголот на навлегување. Дополнително, овозможува подлабоко навлегување во споредба со мисионерската поза, што може да ги стимулира чувствителните области како предниот вагинален свод.
Мани
уредиГлавната мана на кучешката поза е недостатокот на емоционална поврзаност, бидејќи партнерите не можат да се гледаат во очи или да се бакнуваат, што може да се чувствува помалку нежно или романтично. Освен тоа, на некои луѓе оваа поза може да им биде понижувачка, бидејќи може да наликува на животинско однесување, што се одразува на нејзиното име „кучешка поза“.
Наводи
уреди- ↑ Rachel Wright (24 August 2022). „These 12 Non-Penetrative Sex Positions Are Deliciously Satisfying“. Men's Health. Архивирано од изворникот 24 August 2022. Посетено на May 7, 2024.
- ↑ Nilamadhab Kar; Gopal Chandra Kar (2005). Comprehensive Textbook of Sexual Medicine. Jaypee Brothers Publishers. стр. 110–111. ISBN 978-8180614057. Архивирано од изворникот на June 27, 2014. Посетено на February 10, 2014.
- ↑ „The Missionary Position“. Sexual Health Center. Архивирано од изворникот на 2007-10-20. Посетено на 2008-02-02.
- ↑ Comfort, Alex; Quilliam, Susan (2008). The Joy of Sex. London: Mitchell Beazley. ISBN 978-1-84533-429-1.
Надворешни врски
уреди