Орален секс
Оралниот секс се состои од сите сексуални активности кои вклучуваат употреба на устата, заедно со јазикот, забите и грлото за стимулирање на гениталиите. Оралниот секс може да се користи како предигра пред сексуалното општење, или да дојде како климакс на сексуалниот чин, за време на сексуалното општење. Понекогаш се практикува и како самостоен сексуален чин.
Оралниот секс, може но не мора да вклучува лижење или голтање на сперма или вагинална течност. Лижењето на овие течности без директен физички контакт уста-гениталија (т.е. екстремна форма на фацијална сексуалност позната како букаке), не се смета за орален секс.
Оралниот секс во народниот говор се нарекува „пушење“ (кога се стимулира машкиот полов орган) и „лижење“ (кога се стимулира женскиот полов орган).
Кај овој вид на секс не постои можност за забременување. Сепак треба да се има предвид дека и кај овој вид на секс можно е пренесување на заразни болести (како на пример СИДА).
Термини
уредиФелацио (латински јазик fellare) означува орална симулација на пенисот. Машките гениталии, пред сè пенисот, се стимулираат со јазикот и усните или се залапуваат. Често главата на пенисот се стимулира со јазикот со кружни и вибрациони движења или се залапува во уста и се шмука.
Овој феномен е забележан и кај многу животински видови. Кај некои од нив, виши примати, има функција на прифаќање на доминантната улога на алфа мажјакот над останатите челнови на стадото (групата).
Кунилингус, е вид на сексуално дејство кај кое со помош на јазикот се стимулираат женските полови органи. Терминот доаѓа од два латински збора: “cunnus” и “lingere”. Партнерот може да биде и машко и женско. Кунилингусот има за цел подготовка на партнерката за класичен полов акт и/или предизвикување на огразам
Женските гениталии а пред сè вулвата и дразницата, се бакнуваат и лижат со уснине и јазикот. Со оваа техника жената може да биде доведена до интензивен (или многукратен) оргазам, што се постигнува со директно дразнење на дразницата.
Постојат најразлични практични техники за практикување на кунилингус, како и најразлични пози. Во повеќето случаи, стимулацијата се насочува на најчуствителните зони на половиот орган, т.е. на дразницата и внатрешните срамни усни. Позата зависи од предиспозициите на партнерите.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Орален секс“ на Ризницата ? |
- Discovery Health on Cunnilingus
- Орален секс и HIV
- How to Go Down On a Woman Архивирано на 1 декември 2008 г.
- Cunnilingus: How To Go Down On A Woman Архивирано на 11 октомври 2008 г.
- Cunnilingus: a How To
- How to Go Down on a Man Архивирано на 1 декември 2008 г.
- Blow Job Tips & Attitude Архивирано на 23 април 2007 г.
- How to Perform Fellatio: A 14 LESSON TUTORIAL
Чинови | Мастурбација · Орален секс (Кунилингус, Анилингус, Фелацио, Ауто Фелацио - самозадоволување) · Сексуално општење (Анален секс, Вагинален секс) · надворешен однос (Взаемна мастурбација, Frottage) · Ејакулација на лице · Дркање · Секс со прсти · Фистинг · плескање · Групен секс |
Оргазам | машки · женски · повеќекратен · спонтан· взаемен оргазам |
Сексуални помагала | Дилдо · Лопатка · Вибратор · Вештачка вагина · Секс кукли· Накурен прстен· Пенис пумпа |
Анатомија и течности |
Анус · Крв · Дојки · Дразница · Измет · Прсти · Усни · Брадавици · Пенис · Преејакулација · Право црево · Сперма · Грло · Вагина · Вагинални сокови |
BDSM |
BDSM Термини · BDSM Теми · врзување · Доминација и понижување · Садизам и мазохизам · Шибари · Одозгора · Одоздола · Женска доминација· Воден спорт - Писс * Piss· Кавијар - фекално· Некроманија - Некрофилија· Фетишизам |