Куц — војсководец во Византија за време на владеењето на Јустинијан I (527–565).

Животопис

уреди

Куц се појавува во изворите во 528 година, заедно со дукс на Феникија заедно со својот брат, Буц. Двајцата ја добиле командата една година порано од страна на царот Јустинијан I (527–565), Куц ги водел силите стационирани во Дамаск, додека неговиот брат ги водел силите во Палмира.[1] Историчарот од VI век Прокопиј ги опишал двајцата како младичи. Куц имал ии друг брат, Венил, и најверојатно бил син на војсководецот и бунтовник Виталијан.[1]

Во 528 година, една година по избивањето на Ибериската војна против Сасанидското Царство, на двајцата браќа им било наредено, заедно со други команданти, да го помогнат Велизар кој ја заштитувал изградбата на тврдината во Тануриј. Сепак кога византијците ја нападнале персиската армија доживеале тежок пораз во Битката на Тануриј. Судбината на Куц останува непозната, Прокопиј пишува дека бил заробен и никогаш повторно не бил виден, додека пак Захарија Митиленски запишал дека бил убиен.[1][2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Martindale, Jones & Morris 1992, стр. 366.
  2. Greatrex & Lieu 2002, стр. 86–87.

Извори

уреди
  • Greatrex, Geoffrey; Lieu, Samuel N. C. (2002). The Roman Eastern Frontier and the Persian Wars (Part II, 363–630 AD). London, United Kingdom: Routledge. ISBN 0-415-14687-9.[мртва врска]
  • Martindale, John Robert; Jones, Arnold Hugh Martin; Morris, J., уред. (1992). The Prosopography of the Later Roman Empire, Volume III: A.D. 527–641. Cambridge, United Kingdom: Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-20160-5.