Кумб Мела
Кумб Мела или Кумба Мела (хинди: कुंभ मेला; од Кумб = „пехар“ и Мела = „фестивал“, односно „фестивал на пехарот“) ― најголем верски фестивал во хиндуизмот и во светот.[1] Фестивалот се одржува приближно на секои 12 години, при што хидуистичките верници ја слават завршената револуција на Брихаспати (Јупитер). Фестивалот се одржува на четири свети места: Прајаграј (сливот на реките Ганг, Јамуна и Сарасвати), Харидвар (Ганг), Нашик (Годавари) и Уџаин (Шипра).[1] [2] Фестивалот се обележува со ритуално капење во водите на реките, но исто така на самите места се одржуваат панаѓури, едукација на верниците, верски проповеди на свети лица, масовни собири на монаси и забави.[3] [4] Верниците сметаат дека со капење во овие реки се стекнуваат со прајаскита (искупување, покајание) за грешките од минатото,[5] и дека самиот чин ги прочистува од гревовите.[6]
Фестивалот на различните места се одржува на секои 12 години врз основа на хиндуистичкиот календар и меѓусебната астролошка положба на Јупитер, Сонцето и Месечината. Временската разлика на фестивалите во Прајаг и во Харидвар е околу 6 години, и двете места имаат Маха (главна) и Арда (половина) Кумб Мела. Годините на одржување - особено за Кумб Мела во Уџаин и Нашик - биле предмет на несогласување во 20 век. Фестивалите Нашик и Уџаин се прославуваат во иста година или со едногодишна разлика,[7] обично околу 3 години по Алахабад / Прајаграџшката Кумб Мела.[8] На други места во многу делови на Индија, се оржуваат слични, но помали фестивали кои се нарекуваат Мага мела или Макар мела. На пример, во Тамил Наду, уште од античко време се одржувала Мага Мела со ритуално капење во вода. Овој фестивал се одржувал во резервоарот Махамахам (во близина на реката Кавери) на секои 12 години во Кумбаконам; на фестивалот присуствуваат милиони јужноиндиски Хиндуси и се вика Тамилска Кумб Мела.[9] [10] Други места каде се собираат верници со ритуали за капење има во Курукшетра,[11] [12] Сонипат, [13] и Панаути (Непал).[14]
Времетраењето на фестивалот Кумб Мела во зависност од местото на одржување трае од еден ден[15] до три месеци.[16] На секој од овие фестивали присуствуваат милиони верници; најголем собир има кај Прајашката Кумб Мела, а втор по големина е собирот во Харидвар.[9] Според Енциклопедијата Британика и информациите од индиските власти, на Кумб Мела во 2019 година присуствувале над 200 милиони Хиндуси, а 50 милиони биле забележани во само еден ден на фестивалот.[1] Фестивалот е еден од најголемите мирни собири во светот и се смета за „најголемото собирање на верници во светот“.[17] Фестивалот се наоѓа на Списокот на нематеријално културно наследство на УНЕСКО.[18] Организаторите на Кумб Мела навеле дека најголема еднодневна посетеност на Кумб Мела имало на 10 февруари 2013 година кога присуствувале 30 милиони верници,[19] [20] и 50 милиони на 4 февруари 2019 година.[21] [22] [23]
Митологија
уредиМногу Хиндуси веруваат дека Кумб Мела се слави од памтивек и се споменува во хиндуистичката легенда за Самудра Мантана (во буквален превод: мешање на океанот) пронајдена во ведски текстови.[24]
Оваа хинду легенда го опишува создавањето на „бокалот со амрита (нектар на бесмртност)“. Нектарот се добивал со мешање на Млечниот Океан; за таа цел Вишну во форма на желка (Курма, втор аватар на Вишну) ја ставил планината Мандара на грбот за да биде мешалка, а девите (боговите) и асурите (демоните) за планината ја врзале змијата Васуки која требало да служи како јаже за да ја ротираат Мандара (мешалката). Кога почнале да го мешаат Млечниот Океан од него почнале да се појавуваат разни прекрасни работи (чауда-ратна или чатурдаши ратна): апсари (нимфи), белиот митски коњ (Учаихшравас), волшебниот скапоцен камен (Каустуба), кравата која исполнува желби (Сурабхи), дури и месечината (Чандра) и на крај се појавил лекарот на боговите, Данвантари, со пијалокот на бесмртноста, амрита (амрита = амброзија). Боговите и демоните се бореле за овој пехар, „кумба“ со нектар за станат бесмртни. Во подоцнежно продолжение од легендата, од пехарот капнале четири капки на четири места, и тоа се местата на кои се прославува Кумба Мела. Легендата варира и е неконзистентна, а на некои места се наведува дека Вишну го имал аватарот на Мохини, други верзии наведуваат дека Данавантари или Гаруда или Индра го истуриле пехарот.[2] Оваа „туривање“ не се спомнува во оригиналната легенда за Самудра Мантана (мешањето на океанот) во текстовите од ведската ера (пред 500 г. пр.н.е.).[9] [26] Ваква верзија не е пронајдена ниту во подоцнежната ера Пуранас (од 3 до 10 век од н.е.).[2] [9]
Историја
уредиОбично се смета дека фестивалот го започнал хиндуистичкиот филозоф и светец од 8-миот век Ади Шанкара, кој се трудел да започнат големи хиндуистички собири за филозофски разговори и дебати низ индискиот потконтинент.[1] Сепак, нема историски пишани докази за одржување на масовни верски собири под името „Кумба мела“ пред 19-ти век. Во ракописите[27] и натписите[28] од хиндуистичкиот годишник Мага Мела има записи за периодични поголеми собири на секои 6 или 12 години при што верниците извршувале ритуали кои покрај другото опфаќал и свето капење во река или во свет сад. Според Кама Меклин, социо-политичките случувања за време на колонијалната ера довеле до возобновување на античката Мага Мела во форма на денешен Кумб Мела, особено по Индиското востание од 1857 година.[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Kumbh Mela: Hindu festival. Encyclopaedia Britannica. 2015.
The Kumbh Mela lasts several weeks and is one of the largest festivals in the world, attracting more than 200 million people in 2019, including 50 million on the festival’s most auspicious day.
Грешка во наводот: Неважечка ознака<ref>
; називот „britkumbh“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Maclean, Kama (2003). „Making the Colonial State Work for You: The Modern Beginnings of the Ancient Kumbh Mela in Allahabad“. The Journal of Asian Studies. 62: 873–905. doi:10.2307/3591863. JSTOR 3591863. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „maclean2003“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Diana L. Eck (2012). India: A Sacred Geography. Harmony Books. стр. 153–155. ISBN 978-0-385-53190-0.
- ↑ Williams Sox (2005). Lindsay Jones (уред.). Encyclopedia of Religion, 2nd Edition. 8. Macmillan. стр. 5264–5265., Quote: "The special power of the Kumbha Mela is often said to be due in part to the presence of large numbers of Hindu monks, and many pilgrims seek the darsan (Skt., darsana; auspicious mutual sight) of these holy men. Others listen to religious discourses, participate in devotional singing, engage brahman priests for personal rituals, organise mass feedings of monks or the poor, or merely enjoy the spectacle. Amid this diversity of activities, the ritual bath at the conjunction of time and place is the central event of the Kumbha Mela."
- ↑ Kane 1953.
- ↑ Maclean, Kama (September 2009). „Seeing, Being Seen, and Not Being Seen: Pilgrimage, Tourism, and Layers of Looking at the Kumbh Mela“. CrossCurrents. 59 (3): 319–341. doi:10.1111/j.1939-3881.2009.00082.x.
- ↑ Matthew James Clark (2006). The Daśanāmī-saṃnyāsīs: The Integration of Ascetic Lineages into an Order. Brill. стр. 294. ISBN 978-90-04-15211-3.
- ↑ K. Shadananan Nair (2004). „Mela“ (PDF). Proceedings Ol'THC. UNI-SCO/1 AI IS/I Wl IA Symposium Held in Rome, December 2003. IAHS: 165. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 August 2020. Посетено на 7 December 2017.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 9,3 Maclean 2008.
- ↑ Diana L. Eck (2012). India: A Sacred Geography. Harmony Books. стр. 156–157. ISBN 978-0-385-53190-0.
- ↑ Census of India, 1971: Haryana, Volume 6, Part 2, Page 137.
- ↑ 1988, Town Survey Report: Haryana, Thanesar, District Kurukshetra, page 137-.
- ↑ Madan Prasad Bezbaruah, Dr. Krishna Gopal, Phal S. Girota, 2003, Fairs and Festivals of India: Chandigarh, Delhi, Haryana, Himachal Pradesh, Jammu and Kashmir, Punjab, Rajasthan, Uttaranchal, Uttar Pradesh.
- ↑ Gerard Toffin (2012). Phyllis Granoff and Koichi Shinohara (уред.). Sins and Sinners: Perspectives from Asian Religions. BRILL Academic. стр. 330 with footnote 18. ISBN 978-90-04-23200-6.
- ↑ James Lochtefeld (2008). Knut A. Jacobsen (уред.). South Asian Religions on Display: Religious Processions in South Asia and in the Diaspora. Routledge. стр. 29. ISBN 978-1-134-07459-4.
- ↑ James Mallinson (2016). Rachel Dwyer (уред.). Key Concepts in Modern Indian Studies. New York University Press. стр. 150–151. ISBN 978-1-4798-4869-0.
- ↑ The Maha Kumbh Mela 2001 indianembassy.org
- ↑ [=00103&multinational=1#2021 Kumbh Mela] UNESCO Intangible World Heritage official list.
- ↑ „Over 3 crore take holy dip in Sangam on Mauni Amavasya“. India Times. 10 February 2013. Архивирано од изворникот на 22 January 2016.
- ↑ Rashid, Omar (11 February 2013). „Over three crore devotees take the dip at Sangam“. The Hindu. Chennai.
- ↑ Jha, Monica (23 June 2020). „Eyes in the sky. Indian authorities had to manage 250 million festivalgoers. So they built a high-tech surveillance ministate“. Rest of World. Посетено на 23 June 2020.
- ↑ „Mauni Amavasya: Five crore pilgrims take holy dip at Kumbh till 5 pm“, Times of India, 4 February 2019, Посетено на 24 June 2020
- ↑ „A record over 24 crore people visited Kumbh-2019, more than total tourists in UP in 2014-17“. Hindustan Times (англиски). 21 May 2019. Посетено на 15 March 2022.
- ↑ Nityananda Misra (2019). Kumbha: The Traditionally Modern Mela. Bloomsbury Academic. стр. 3–5. ISBN 978-93-88414-12-8.
- ↑ Prayaagasnaanavidhi, Manuscript UP No. 140, Poleman No. 3324, University of Pennsylvania Sanskrit Archives
- ↑ Collins, Charles Dillard (1988). The Iconography and Ritual of Śiva at Elephanta. SUNY Press. стр. 36. ISBN 978-0-88706-773-0.
- ↑ Maclean, Kama (2003). „Making the Colonial State Work for You: The Modern Beginnings of the Ancient Kumbh Mela in Allahabad“. The Journal of Asian Studies. 62: 877–879. doi:10.2307/3591863. JSTOR 3591863.
- ↑ Monika Horstmann (2009). Patronage and Popularisation, Pilgrimage and Procession: Channels of Transcultural Translation and Transmission in Early Modern South Asia. Otto Harrassowitz Verlag. стр. 135–136 with footnotes. ISBN 978-3-447-05723-3.
Библиографија
уреди- Kane, P. V. (1953). History of Dharmaśāstra: Ancient and Medieval Religious and Civil Law in India. 4.
- Maclean, Kama (28 August 2008). Pilgrimage and Power: The Kumbh Mela in Allahabad, 1765–1954. OUP USA. ISBN 978-0-19-533894-2.
- Krishnaswamy, C.S.; Ghosh, Amalananda (October 1935). „A Note on the Allahabad Pillar of Aśoka“. The Journal of the Royal Asiatic Society of Great Britain and Ireland. 4 (4): 697–706. JSTOR 25201233.
- Pingree, David (1973). „The Mesopotamian Origin of Early Indian Mathematical Astronomy“. Journal for the History of Astronomy. SAGE. 4 (1): 1–12. Bibcode:1973JHA.....4....1P. doi:10.1177/002182867300400102.
- Pingree, David (1981). Jyotihśāstra : Astral and Mathematical Literature. Otto Harrassowitz. ISBN 978-3447021654.
- Yukio Ohashi (1999). Johannes Andersen (уред.). Highlights of Astronomy, Volume 11B. Springer Science. ISBN 978-0-7923-5556-4.
- Harvard University, South Asia Institute (2015) Kumbh Mela: Mapping the Ephemeral Megacity New Delhi: Niyogi Books. ISBN 9789385285073ISBN 9789385285073
- Kumbh Mela and The Sadhus,(English, Paperback, Badri Narain and Kedar Narain) Pilgrims Publishings, India, ISBN 9788177698053, 8177698052
- KUMBH : Sarvjan – Sahbhagita ka Vishalatam Amritparva with 1 Disc (Hindi, Paperback, Ramanand)Pilgrims Publishings, India,ISBN 9788177696714, 8177696718
Надворешни врски
уреди- Кумб Мела на Ризницата ?
- Матична страница