Куманија (ТВ Емисија)
Куманија — хумористична емисија која се прикажувала на Сител Телевизија во продукцијата на „Селотејп +“, на крајот на 1990-тите години вообичаено е во формат на епизоди составени од кратки хумористично-сатирични скечови на кумановскиот дијалект на македонскиот јазик. Во рамки на емисијата биле снимени и тематски серијали како за „Симо и Димо“ од селото Рамно и детективската група „Адреналин“ според приспособена драматизација на стрипот Алан Форд.