Кула (роман)
„Кула“ (англиски: The Spire) — роман на британскиот писател Вилијам Голдинг од 1964 година.
Содржина
уредиРоманот претставува студија за мегаломанското лудило на ѓаконот Џослин, кој сака да изгради џиновска кула на својата црква. Тој останува непоколеблив во својата намера наспроти тоа што верниците и градителите се уверени дека градбата на кулата е осудена на пропаст. Така, кулата прераснува во современ Вавилон кој ќе го уништи Џослин. Тој се бори со дилемата дали проектот е дело на верата или на суетата.[1]
Наводи
уреди- ↑ Вера Чаповска, „Кон животот и делото на Вилијам Голдинг“, во: Вилијам Голдинг, Господарот на мувите. Скопје: Наша книга, 1984, стр. 213.