Кукумјавка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Утковидни
Семејство: Утки
Род: Кукумјавка
Вид: Кукумјавка
Научен назив
Athene noctua
(Scopoli, 1769)
Распространетост на кукумјавката
Синоними

Carine noctua

Athene noctua vidalii

Кукумјавката (научAthene noctua) — вид граблива птица од семејството утки (Strigidae), релативно мала во однос на останатите претставници од ова семејство. Заедно со кукувијата, познати се по непријатното продорно огласување, по што и ги добиле имињата. Често може да се слушнат заедно на местата каде се спојуваат населбите со ливадите, пасиштата или обработливите површини. Сепак, како и останатите видови од семејството, и овие се исклучиво корисни птици.[2] Се среќава и во Македонија.

Кукумјавката е мала утка (23 - 27,5 см во должина), со заоблена и одозгора сплесната глава на краток врат, со големи жолти очи насочени нанапред и задебелено тело. Пердувите се со кафеава боја, со бели дамки.

Ова се претежно ноќни птици. Кукумјавката и кукувијата се синантропни видови, живеат блиску до човекот, во градско опкружување и селски домаќинства, секаде каде има отворени ливади со ниска грмушеста вегетација на кои можат да ловат ситни глодачи. Како место за одмор и гнездење ѝ служат разните пукнатини во објектите изградени од човекот, дупките во земјените отсеци, дупките во дрвјата, пукнатините на карпите и напуштените гнезда. Во најладните периоди од зимата, сите утки се повлекуваат на југот на Европа и северот на Африка.

Се храни првенствено со крупни инсекти, ноќни пеперуги, ситни глодачи, а понекогаш и со глувци или волухарици. Заедно со кукувијата се птици станарки, што значи дека кај нас се присутни во текот на целата година. Преселничките движења се познати само кај младите птици кои не се сè уште полово зрели. Возрасните единки не се селат и не се здружуваат во групи.

Кукумјавката била заштитен знак на Минерва, римската божица на мудроста. Според некои легенди се вбројува во „предците на светот“, додека под влијание на христијанството станува симбол на грдоста и злобата.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Athene noctua. IUCN Red List. Version 2013.2. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 26 ноември 2013.
  2. Далиборка Станковић (2009). Све Сове Србије