54°8′N 88°45′E / 54.133° СГШ; 88.750° ИГД / 54.133; 88.750 Кузнецки Алатау (руски: Кузнецкий Алатау) е планински венец во јужен Сибир, Русија помеѓу Кузнецката и Минусинската Котлина. Се протега 300 км долж границата на Кемеровската област со Хакасија, а достигнува височина од 2178 m. Венецот претставува дел од планинскиот систем на Средна Азија.

Карта на Кузнецки Алатау
Планина на Кузнецки Алатау

Овие планини се со благ облик, со стрмни западни и благи источни падини. Во шумскиот појас предоминира елката, освен го погорниот дел (1300–1900 м), каде што предоминира пинијата. Високите предели се главно прекриени со огромни сипови од крупни камења, но на места се среќаваат делчиња со субалпски ливади, а на некои јужни масиви има грмушести тундри од лишаи и мов. Сливот на реката Кондома во Горнаја Шорија е особено интересен по липините шуми за кои се мисли дека се остаток од предплеистоценската умерена вегетација во Сибир. Ридестите предели имаат шуми со отвори од долги мешани шумски ливади.[1]

Планинскиот венец Кузнецки Алатау е составен главно од метаморфни карпи кои изобилуваат со железо, манган, нефелини и злато.

Наводи

уреди
  1. „Географски портрет, текст на Коршунов и Горбунов (1995)“. (англиски)