Кудиги
Кудиги - италијанско-американско јадење кое се состои од италијански колбас зачинет со слатки зачини кој се служи како сендвич, често со сирење од моцарела и сос од домати. Го има во горниот полуостров Мичиген, во средниот запад на САД.
Други имиња | Гудиги |
---|---|
Вид | колбас |
Земја на потекло | САД |
Регион или држава | Горниот полуостров на Мичиген |
Подготовка
уредиКудиги може да се сервира на многу начини во многу италијанско-американски јадења. Како сендвич, првично се служел со сиров кромид и сенф на ролна,[1] но денес обично се служи со сирење од моцарела и сос од домати.[2] Дополнителни додатоци може да се печурки, кромид и зелени пиперки.[2]
Вкусот на Кудиги варира во зависност од количеството на каранфилче и цимет присутни во мешавината.
Историја
уредиСе смета дека Кудиги прво се подготвувал од котехино, северноиталијански свеж колбас направен од свинско месо, маснотии и џимиринки.[3] Сендвичот и неговиот карактеристичен колбас првично биле продавани во северен Мичиген од италијански имигранти во 1936 година, кои го нарекле гудиги.
Наводи
уреди- ↑ Fowler, Brenda (June 29, 1997). „Endless Trails to Open Water“. The New York Times. Посетено на April 30, 2010.
- ↑ 2,0 2,1 Himmelstein, Rebecca (October 31, 2014). „Cudighi Sandwich Remains Staple in the Yooper Diet“. Upper Michigans Source. Negaunee, MI: WLUC-TV. Посетено на August 23, 2015.
- ↑ „Cotechino di Modena“. Ricettedi Magazine (италијански). Архивирано од изворникот на February 24, 2012. Посетено на May 30, 2009.
Дополнителна литература
уреди- Magnaghi, Russell M. (Winter 2017). „The Mystery of the Cudighi Solved“. Chronicle. Historical Society of Michigan. 349 (4): 13.
- Rummel, Rachel. „Cudighi“. Atlas Obscura. Архивирано од изворникот на May 19, 2020.