Куба либре (коктел)

Куба либре (шпански: Cuba Libre = Слободна Куба) — долг коктел од кола, лимета и рум. Во САД и Канада често ја нарекуваат и „рум и кола“, и понекогаш и не додаваат лимета. Не може со сигурност да се утврди потеклото на пијалакот, иако производителите на рум се натпреваруваат во тоа кој прв го измислил, но се пие уште од раните 1900-ти.

Куба либре се сервира во висока чаша.

Некогаш, пред постоењето на кока-кола и пепси-кола, пијалакот се сметал за егзотичен бидејќи се правел од кола ореви и кока.

Подготовка

уреди

За да направите правилно Куба либре, наполнете висока чаша со мраз и наполнете ја до пола со кола сок. Во шејкер сипете 2 дози бел рум и сок од пола лимета, додадете малку мраз и протресете. Потоа исцедете ја полека мешавината од шејкерот во чашата, така што да остане „да плива“ над колата.

Понова варијација на Куба либре е коктелот „Копертон“ кој користи малибу рум (рум со природен екстракт од кокос) и кола со вкус на цреша. Вкусот на пијалакот малку потсетува на мирисот на лосионот за сончање, од таму и името.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди