Мешач за коктели
(Пренасочено од Шејкер)
.
Мешач за коктели или Шејкер (од англ. shake=тресе) е специјален сад кој се користи за мешање на пијалаци со тресење. Постапката се одвива така што во садот се ставаат состојките на пијалакот (обично алкохол, ликери, овошен сок итн.), по потреба и неколку коцки мраз, и потоа се затвора садот со капачето и се протресува 5-10 секунди. Пијалаците кои треба да бидат проѕирни не се протресуваат туку се мешаат во шејкерот.
Постојат разни видови на мешачи:
- Бостонски шејкер: дводелен сад кој се состои од метално дно и пластичен капак. Ако е потребно цедење на пијалакот, се користи посебна цедалка.
- Коблер шејкер: троделен сад кој има дно, капак со сито и уште едно капаче над ситото. Капачето се користи и како мерка.
- Француски шејкер: исто дводелен сад од метално дно и метален капак.