Крчедин (остров)
Крчедин — речен остров кој се наоѓа на левиот брег на Дунав низ селото Крчедин, во Општина Инѓија, Војводина, Србија. Ненаселениот остров е дел од Природниот резерват „Ковилско-Петроварадински Рит“.
Крчединска ада Krčedinska ada | |
---|---|
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 411: Malformed coordinates value | |
Географија | |
Место | Крчедин |
Координати | 45°10′55″N 20°07′23″E / 45.182060° СГШ; 20.123005° ИГД |
Највисоко место | 75 м |
Држава | |
Војводина | Општина Инѓија |
Демографија | |
Население | uninhabited |
Местоположба
уредиДунав поминува низ селото Крчедин, по кој островот е именуван. Иако географски е во регионот на Бачка, административно му припаѓа на Општина Инѓија (исто како и селото), во регионот Срем. Северно од островот, поблиску од селото Крчедин, е селото Гардиновци, во Општина Тител. Веднаш западно од островот, мостот Бачка поминува низ Дунав, додека на североисток се наоѓа селото Ковиљ и манастирот Ковиљ[1].
Географија
уредиОстровот е грубо обликуван како заоблен триаголник, со врв на север. Сместен е во долината на Дунав, а на исток се протега во микро-регионот на Кожјак, во рамките на Природниот резерват „Ковилско-Петроварадински Рит“. Островот бил создаден кога Дунав го преместил својот правец кон југ, на 269 метри височина, североисточно од селото Кречедин. Највисоката точка на островот е 75 метри[1][2].
Островот е долг 5 километри, широк 3 км и покрива површина од 8 км2[3]. Над реката, на запад, се наоѓаат два археолошки наоѓалишта, Калакача и Михаелевска шума.
Флора и фауна
уредиОстровот е богат со свежа вода и трева. Исто така, делумно е пошумен, во најголем дел со врби, од кои некои потекнуваат од 1810 година.
Во реката што го дели островот од копното живее крап. Птиците кои живеат на островот вклучуваат штркови, чапји, диви патки. Вкупно, на островот има 172 видови птици, од кои 103 се прогласени за ретки. Меѓу нив се и белиот орел, голема бела чапја, црн штрк, евроазиски орел итн.[2]
Сточарство
уредиСеланите од Крчедин биле први кои почнале да ја пренесуваат стоката на островот, со фериботите, во 19 век. Потоа следеле жителите на другите соседни села. Животните се транспортираат во рана пролет и остануваат до крајот на есента за да живеат потполно слободно, бидејќи островот е ненаселен, без природни грабливци и со зачувани природни живеалишта. Стоката вклучува коњи, овци, говеда, свињи и магариња. Добро нахранетите животни и нивните млади родени на островот се враќаат на копното, во шталите само кога станува премногу студено или врнежливо, иако коњите и свињите понекогаш се оставаат на островот дури и во текот на зимата.
Од 2017 година островот брои 1.000 говеда и свињи, 200 коњи и над 100 магариња. Магарињата стануваат сè попопуларни, поради високите цени на млекото. Меѓутоа, во 1990-тите, на островот се чувале повеќе од 6.000 животни[2][3][4].
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Turističko područje Beograda. Geokarta. 2007. ISBN 86-459-0099-8.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Miroslav Stefanović (17 September 2017), „Zamiljiva Srbija: Krčedinska ada - Pašnjak na dunavskoj obali“, Politika-Magazin,No. 1042 (српски), стр. 20-21
- ↑ 3,0 3,1 „Krčedinska ada oaza stočarstva“ (српски). Radio Television Serbia. 1 July 2017.
- ↑ „Krčedinska ada – rezervat prirode sa 500 domaćih životinja“ (српски). AGROmedia. 10 July 2017.
Надворешни врски
уреди„Крчедин (остров)“ на Ризницата ? |
- Krčedinska ada oaza stočarstva
- Крчединска ада Архивирано на 20 септември 2017 г.