Бригада „Јане Сандански“

Бригада „Јане Сандански“ — планирана и предложена бригада на НОБ во Македонија. Бригадата требало да биде составена од Македонци од Пиринска Македонија, но на крај никогаш не се формирала.[1]

Бригада „Јане Сандански“
Активнанеформирана
ЗемјаМакедонија, Бугарија
Видбригада

Разговори

уреди

Планот на челниците на НОВ биле да создадат бригада составена од Македонци од Пиринска Македонија. Оваа бригада требало да се формира под името „Бригада Јане Сандански“, а кога би влегла под команда на Генералштабот на НОБ би се именувала како Дваесет и втора македонска ударна бригада.[1]

Разговорите за формирање на бригата ги воделе Кирил Миљовски од македонска страна во Вардарска Македонија и мајорот Крум Радонов, по потекло Македонец, од бугарска страна во Пиринска Македонија. Овие разговори биле одобрени од страна на бугарското министерство за одбрана. Се предвидувало да има 1800 борци, Македонци доброволци од Пиринска Македонија, а во нејзин склоп да влегле и борци од 39 и 14 бугарски полк. 14 бугарски полк во тој период се наоѓал во Делчево. Двата полка биле составени од Македонци од Пиринска Македонија. Според најдобрите пресметки се очекувало да има од 5 до 6000 доброволци. Откако ќе прераснела во дивизија, се планирало оваа дивизија да биде дел од 3 дивизија на Брегалничко-струмичкиот корпус, под команда на Пецо Трајков.[1]

Се планирало да се формира во Горна Џумаја. Сепак оваа идеја наишла на негодување од дел од бугарското раководство и воени лица, особено од Борис Копчев, бугарски генерал. Набрзо идејата била напуштена.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. ​142-143

Поврзано

уреди