Крис Балдо (роден Кристијан Балдауф; 24 јуни 1943 - 24 јануари 1995) ― луксембуршки пејач. Тој е роден од мајка Французинка, а татко Луксембурец, во Луксембург.[1]

На 16-годишна возраст, тој снимил албум како дуо со еден пријател, наречен „The Youngsters“. Учествувал на полскиот фестивал Сопот во 1967 година. Во 1968 година тој го претставувал Луксембург, на Евровизија 1968, во дует со француско-алжирската пејачка Софи Гарел, со песната „Nous vivrons d'amour“, пласирајќи се на единаесеттото од седумнаесетте со пет поени.[2] Тој исто така бил водител на емисијата на RTL, „Les Nocturnes“, ноќно емитување на музика од САД, пред да му ја предаде на Жорж Ланг.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 https://www.imdb.com/name/nm1507576/bio?ref_=nm_ql_dyk_1
  2. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 17 февруари 2011. Посетено на 23 мај 2021.