Кристијан Бергстрем

шведски тенисер

Пер Кристијан Бергстрем (19 јули 1967) е поранешен тенисер од Шведска, кој станал професионалец во 1985 година. Тој не освоил ниту една титула (ниту во поединечна конкуренција, ниту во парови) во текот на неговата кариера, но стигнал до три четвртфиналиња во поединечна конкуренција на грен слем турнирите: во Вимблдон (1990 и 1994 година) и Австралија Опен (1993 година). Десноракиот Бергстрем го достигнал својот највисок индивидуален пласман на АТП листата на 27 јануари 1992 година, кога бил светски играч број 32.[1]

Кариера

уреди

1984–1985: Јуниорска (младинска) кариера

уреди

Бергстрем бил шведски јуниорски шампион во 1984 година и европски јуниорски шампион во 1985 година.[2] Тој стигнал до полуфиналето на Јуниорите на УС Опен во 1985 година, губејќи од финалистот Џои Блејк. На отвореното првенство на Франција за јуниори, тој загубил во 3то коло од Томас Мустер од Австрија. Бергстрем бил рангиран на второто место на светската ранг-листа на ИТФ Јуниор (јуниорска конкуренција) и станал професионалец на крајот на 1985 година.[3]

Резултати од Јуниорски турнири - поединечна конкуренција

уреди
  • Француски опен: 3 коло (1985)
  • УС Опен: полуфинале (1985)

Резултати од Јуниорски турнири – Двојки (парови)

уреди
  • Француски опен: четврт-финале (1985)
  • УС Опен: 2 коло(1985)

1986–1987 година

уреди

Бергстрем ја започнал 1986 година рангиран на 410-то место во светот на АТП листата и тогаш најмногу се натпреварувал на АТП Челинџер турнирите. Стигнал до четврт-финалето на Париоли Челинџер турнирот, до полуфиналето на Челинџер во Берген, а неговиот најдобар резултат бил освојувањето на Челинџер Тампере турнирот. Бергстрем, исто така, се квалификувал на два Грен слем турнири и тоа на Отвореното првенство на Франција во Ролан Гарос и Отвореното првенство на САД во Њујорк, губејќи уште во првото коло.

Во 1987 година Бергстрем стигнал до четврт-финалето на Дортмунд Челинџер, а го освоил Порто Челинџер турнирот. На Гран-при турнирот Лорејн Опен во Нанси и во Мадрид тој стигнал до четврт-финалето. Бергстрем учествувал на три Грен слем турнири, победувајќи ги сонародниците од Шведска во првото коло на секој од нив. На Отвореното првенство на Франција го победил Јохан Карлсон во првото коло, на Вимблдон, Питер Лундгрен, а на УС Опен, Микаел Пернфорс морал да се повлече во првото коло. Бергстрем загубил во второто коло на сите три настани и ја завршил годината рангиран на 69-то место во светот на АТП листата.[2]

1988–1989 година

уреди

Бергстрем во 1988 година не се натпреварувал на ниту еден Челинџер турнир. На Гран-при турнирите стигнал до две четврт-финалиња, првото во Мец (Франција) и второто во Женева (Швајцарија) и две полуфиналиња во Баштад (Шведска) и Тулуз (Франција). Тој ја имал својата прва победа над еден од топ десет играчи кога го победил светскиот играч број 10, Анри Леконте на турнирот во Тулуз.[4]

Сезоната 1989 му била помалку успешна бидејќи Бергстрем стигнал до три четвртфиналиња, во Милано (Италија), Баштад (Шведска) и Тулуз (Франција). Во ноември стигнал до полуфиналето на Копенхаген Челинџер во Данска и ја завршил годината рангиран на 106-то место во светот.[2]

1990–1991 година

уреди

Во текот на април 1990 година, Бергстрем стигнал до четврт-финалето во Минхен како квалификант, губејќи од крајниот победник Карел Новачек. Тој, исто така, се квалификувал за Отвореното првенство на Франција, губејќи во 5 сета во 3.коло од 11-от носител Мајкл Чанг. На Вимблдон тој го победил 11-ти носител и светскиот број 21 на АТП листата, Гај Форгет и тоа во четвртото коло, а загубил во четврт-финалето од неговиот сонародник Стефан Едберг.[5] Во текот на октомври 1990 година стигнал до четврт-финалето во Тулуз, а во ноември до полуфиналето на затвореното натпреварување во Лондон. Како резултат на неговиот успех на Вимблдон таа година, Бергстрем се квалификувал како еден од шеснаесетте најуспешни играчи за крајниот Грен слем куп, каде што загубил уште во првото коло од чехот Иван Лендл.

Бергстрем ја започнал 1991 година со доста голем успех стигнувајќи до полуфиналето во Велингтон и четврт-финалето во Оукленд. Тој стигнал и до четврт-финалето во Ротердам, Копенхаген, Базел и Тулуз, каде го победил светскиот рекет број 5, Мајкл Стих во првото коло. Бергстрем исто така одиграл две полуфиналиња, во едното во Минхен каде го победил Томас Мустер, а второто во Баштад. Неговиот најдобар резултат на Грен слем турнирите бил уште еднаш на отвореното првенство Обединетото Кралство во Вимблдон, каде што го победил Бред Гилберт на својот пат до осминафиналето (во шеснаесет финалето).[6]

Бергстрем се пробил во првите 50 играчи во светот за прв пат на 22 април 1991 година кога бил на 48то место на АТП рангирањето и во текот на октомври напредувал до 40то место на АТП рангирањето. Тој го имал својот прв настап за шведскиот Дејвис куп тим во квалификациското коло за најсилната светска група против Филипините во Манила. Тој ги освоил двата натпревари во поединечна конкуренција и здружувајќи се со Рикард Берг, го освоил и натпреварот во двојки.[7]

1992–1993 година

уреди

Бергстрем своето прво финале на АТП турнирите го имал на првиот АТП турнир во годината во австралиска Аделаида, губејќи од Горан Иванишевиќ во три сета. Следната седмица стигнал до четврт-финалето во Сиднеј победувајќи го светскиот рекет број 9, во тоа време чехот Петр Корда во второто коло. Тој го завршил своето патување во Австралија во 1992 година победувајќи го светскиот рекет број 7, Гај Форге, на патот до најдобрите 16 на Австралија Опен. По завршувањето на Отвореното првенство на Австралија Бергстрем го достигнал својот највисок поединечен пласман на АТП листата и тоа 32то место. Подоцна во годината, тој стигнал и до четврт-финалето во Бастад и Тулуз.

Со својот партнер швеѓанецот Магнус Густафсон, Бергстрем стигнал до своето прво и единствено финале во двојки на АТП турнирот во Баштад.[2] Тој го одиграл својот втор настап во Дејвис купот за Шведска во четвртфиналето на светската група против Австралија, кога го заменил Густафсон за еден натпревар во поединечна конкуренција, а потоа го победил Ричард Фромберг.[8] Бергстрем ја завршил 1992 година на 58то место на АТП листата во светот.

Бергстрем ја започнал 1993 година со тоа што втора година по ред играл во финалето на турнирот во Аделаида, губејќи од колегата швеѓанец Никлас Култи. На Австралија Опен тој станал првиот играч кој го победил Иван Лендл во првото коло, и со тоа го соборил рекордот на Лендл од 40 последователни победи во првото коло на настапи на Грен слем. Откако го победил осмиот носител Лендл во првото коло, тој го победил и светскиот рекет број единаесет и десетти носител на турнирот, Вејн Фереира пред да загуби подоцна од сонародникот Стефан Едберг во четврт-финалето. Бергстрем, исто така, стигнал до четврт-финалето на турнирот во Пекинг и полуфиналето на турнирот во Баштад и Тулуз и ја завршил годината на 52то место во светот.[2]

1994–1996 година

уреди

1994 година започнала помалку успешна за Бергстрем и тој стигнал само до две четврт-финалиња пред Отвореното првенство на Франција во Ролан Гарос, каде што загубил во второто коло од квалификацискиот турнир. Неговото прво четвртфинале му било на Отвореното првенство на Јужна Африка во Сан Сити, каде што го победил својот сонародник и светски рекет број 10 во тоа време, Магнус Густафсон. Неговиот втор четвртфинален настап бил на АТТ Челинџ во Атланта (САД). Најдобриот резултат на Бергстрем таа година му бил на отвореното првенство на Обединетото Кралство во Вимблдон, каде што стигнал до четвртфиналето, по втор пат во неговата кариера, со победи над Диего Наргисо - прво коло, Грег Руседски - второ коло, Жорди Бурило - трето коло и Брајан Шелтон во осминафиналето пред да загуби од Борис Бекер.[9]

Бергстрем ја започнал 1995 година со рангирање од 112 на АТП листата. Тој ја завршил годината со само две победи во натпреварите на турнирите и со рангирање на АТП листата на 259то место во светот. Неговиот најдобар резултат бил на турнир од класата на Челинџер на Тампере Опен каде што морал да се квалификува за главните натпревари, а потоа успеал да стигне до финалето пред да загуби од Гало Бланко.[10]

Во 1996 година Бергстрем учествувал на сателитското коло ИТФ и во текот на април победил на колото во Германија.[11] Тој го имал својот последен настап на АТП турнир во неговиот роден град на Шведскиот опен во Баштад каде што настапувал во главниот дел како среќен губитник односно како прв резервен играч, а потоа загубил на почетокот од турнирот во првото коло од Ричард Фромберг.[12]

Финале во кариерата на АТП

уреди

Поединечна конкуренција: 2 (0–2)

уреди
Резултат бр. Датум Турнир Подлога Противник Резултат
Загубил 1. јануари 1992 Аделаида, Австралија Тврда   Горан Иванишевиќ 6–1, 6–7 (5–7), 4–6
Загубил 2. јануари 1993 Аделаида, Австралија Тврда   Никлас Култи 6–3, 5–7, 4–6

Двојки (парови): 1 (0–1)

уреди
Резултат бр. Датум Турнир Подлога Партнер Противници Резултат
Загуба 1. јули 1992 Бастад, Шведска Земја   Магнус Густафсон   Томас Карбонел



  Кристијан Миниуси
4–6, 5–7

Наводи

уреди
  1. „Christian Bergstrom | Bio | ATP Tour | Tennis“. ATP Tour. Посетено на 2019-12-30.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 John Barrett, уред. (1994). ITF World of tennis 1994. London: CollinsWillow. стр. 244. ISBN 0-00-218456-7. OCLC 30938804.
  3. „Christian Bergstrom“. www.itftennis.com. Посетено на 2019-12-30.
  4. „ATP Toulouse Draw 1988 | Men's Qualifying & Main Event Results“ (англиски). Посетено на 2019-12-30.
  5. Jenkins, Sally (1990-07-05). „SEMIFINALLY LENDL OUTLASTS PEARCE, IVANISEVIC ADVANCES TO BECKER, EDBERG COASTS“. Washington Post (англиски). ISSN 0190-8286. Посетено на 2019-12-30.
  6. „They Are Down to the Class on Grass : Wimbledon: It is catch-up day today with men's quarterfinals and women's semifinals“. Los Angeles Times (англиски). 1991-07-04. Посетено на 2019-12-30.
  7. „Davis Cup - Draws & Results“. Davis Cup. Посетено на 2019-12-30.
  8. „Davis Cup - Draws & Results: Aus - Swe“. Davis Cup. Посетено на 2019-12-30.
  9. John Barrett, уред. (1995). ITF World of tennis 1995. London: CollinsWillow. стр. 75–81. ISBN 0-00-218484-2. OCLC 154218197.
  10. „Tampere Challenger - ITF“. ITF. Посетено на 2019-12-30.
  11. John Barrett, уред. (1997). ITF World of Tennis 1997. London: CollinsWillow. стр. 196. ISBN 9780002187145.
  12. „ITF - Bastad 1996“. ITF. Посетено на 2019-12-30.

 Надворешни врски

уреди