Криминалистичка психологија

Криминалистичка психологија, исто така позната како криминолошка психологија[1] - проучување на волјата, мислите, намерите и реакциите на криминалците и сето она што учествува во криминалното однесување.[2][3] Поврзана е со полето на проучување на криминалната антропологија. Истражувањата одат длабоко во она што го прави и поттикнува некого да изврши кривично дело, но исто така и реакциите по криминалот, во бегство или на суд. Криминалните психолози често се повикуваат како сведоци во судските случаи за да му помогнат на поротата да го разбере умот на криминалецот. Некои видови на психијатрија, исто така, се занимаваат со аспекти на криминалното однесување.

Улогата на психологијата во правниот систем

уреди

Психијатри и психолози се лиценцирани професионалци кои можат да проценуваат ментални и физички состојби. Оние кои вршат профилирање бараат шеми во однесувањето кои го карактеризираат поединецот кој го извршил злосторството. Со групен напор се обидуваат да ги одговорат најчестите психолошки прашања: Дали постои ризик сексуален грабливец повтотно да изврши злосторство доколку е вратен во општеството; дали злосторникот е компетентен да се суди; дали злосторникот делото го извршил во свесна/несвесна состојба.

Наводи

уреди
  1. "Criminological Psychology MSc/Diploma". 2015-01-02. Архивирано од изворникот на 2015-01-02. Посетено на 2018-11-24.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. Kocsis, Richard N. (2009). „Applied criminal psychology: a guide to forensic behavioral sciences“. Посетено на 24-11-2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. Andrews, А. Д; Bonta, James (2010). The Psychology of Criminal Conduct. Routledge.