Криенка (мижитатара[1], миженка[1], миженка-криенка[1], миженица[1], криенка[2] или криеница[2][3]) — вид детска игра во кој било број на играчи се кријат во околината, а ги бара играч кој „мижи“ (може да има и повеќе играчи кои мижат). Играчот кој мижи ги затвора очите, брои до одреден број (најчесто до 100 со чекор 5), пред да ги отвори вика „Скриен, нескриен, барам!“ и потоа ги бара сите скриени.[4]

Криенка

Слика од XIX век, три деца играат криенка во шума (Фридрих Едуар Мејерхајм)
Играчи 2+
Време на подготовка околу 90 секунди
Времетрање на играта неограничено
Комплексност на правилата
Стратешка длабочина
Случаен елемент многу ниско
Потребна вештина трчање, следење, криење, набљудување, способност да се биде тивок
Криенка (1881)

Со помали или поголеми варијации играта се игра ширум светот.

Цел на играта

уреди

Целта на играчите кои се кријат е што подобро да се скријат така што „мижачот“ да не ги открие или да ги открие што подоцна.

Целта на тој што мижи е што поскоро да ги најде сите скриени играчи и да биде заменет од оној кој прв ќе го најде.

Опис на играта

уреди

Играта се игра на отворено. Битно е однапред да се определи територијата на која може играчите да се кријат.

Најпрво играчите (не е ограничен бројот, но да не бидат под три) се разбројуваат со некоја броенка кој прв ќе миже. Се одредува „место за мижење“ (дрво, бандера, столб...) пред кое ги затвора очите и почнува до брои (најчесто до 100 со чекор од 5), кога ќе го заврши броењето вика „Скриен, нескриен, барам“. Почнува да ги бара скриените играчи и кога ќе најде некого, треба да истрча до местото за мижење и да викне „Пу, Кире“ (името на оној кого го видел). Скриените пак, демнат кога тој што миже ќе се оддалечи и трчаат до местото за мижење и викаат „Пу за мене“. Според една варијанта првиот најден, мижи во следната игра, а според друга, последниот.

За да не може некој да стои зад или пред тој што мижи, пред да ги отвори очите вика „Пу за оној зад мене, пред мене“.

Ако при барањето тој што бара погреши, наместо еден од скриените наведе друг, скриените почнуваат да викаат „Изгоре, се попаре“, играта се повторува, односно тој повторно мижи.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Велковска, Снежана; Конески, Кирил (2006). Толковен речник на македонскиот јазик. III. Скопје: Институт за македонски јазик„Крсте Мисирков“. стр. 131. ISBN 978-9989-640-70-4.
  2. 2,0 2,1 Велковска, Снежана; Конески, Кирил (2005). Толковен речник на македонскиот јазик. II. Скопје: Институт за македонски јазик„Крсте Мисирков“. стр. 640. ISBN 9989-640-64-5.
  3. Покрај стандардните зборови за оваа игра кои се вклучени во Толковниот речник на македонскиот јазик, се користат и дијалектни зборови. Во Битола играта се нарекува „Куку“
  4. Trafton, J. Gregory; Schultz, Alan; Perznowski, Dennis; Bugajska, Magdalena; Adams, William; Cassimatis, Nicholas; Brock, Derek (August 2003). „Children and robots learning to play hide and seek“ (PDF). Naval Research Laboratory. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-03-16. Посетено на December 2, 2011. Наводот journal бара |journal= (help)

Надворешни врски

уреди